КУРС ЗА НАПРЕДЕН EXCEL

Специјализиран онлајн курс за напредни вештини во Excel, кој целосно ќе го трансформира начинот на подготвување извештаи, анализи и проекции.

Кликнете на копчето ПРИЈАВИ СЕ и контактирајте директно со нашиот тим за повеќе информации и пријавување, или јавете се на 077 648 049.

Зошто EXcel

Научете како да напишете моќни и динамични формули на Excel од нула. Автоматизирајте ги процесите и, насочете се кон целосно револуционизирање на вашиот работен тек со Excel. Однесете ги вашите вештини за Excel на следното ниво со нашиот напреден Excel курс.

Овој курс ќе ви овозможи длабоко разбирање на напредните формули на Excel и функциите кои го трансформираат Excel од основна програма за табели во динамична и моќна алатка за аналитика. Напредните вештини за Excel се многу важни во бизнисот, а користа од нив може да ви служи и за секојдневни потреби. Кога ефикасно се применува, тоа е моќна алатка, овозможувајќи ви да манипулирате со огромни количини на податоци, да автоматизирате задачи и да презентирате сложени информации. Без разлика за каков бизнис станува збор вашите напредни вештини за Excel ќе ви бидат од корист.

Што ви е потребно за да започнете со овој курс:

Кои предпознавања треба да ги имате пред вклучување на курсот за напреден Excel

ЗОШТО Е ПОТРЕБНО НАПРЕДНО ПОЗНАВАЊЕ НА EXCEL

Ако сакате да организирате, анализирате и визуализирате податоци, Excel е најосновната алатка што мора да ја знаете.

Без разлика дали сте инженер, data scientist, агент за продажба, аналитичар, истражувач или овластен сметководител – на сите им треба Excel.

Excel го користи речиси секој бизнис во светот и да се биде добар во тоа ќе ви донесе многу подобрувања во бизнисот и кариерата.

Запознај го инструкторот: Ана Јованоска

Human Resources Development Specialist | Trainer

Ана Јовановска е мастер на бизнис администрација, а пред сè личност која поседува огромна страст кон сите работи кои вклучуваат калкулација и организација. Од таму произлегува и инспирацијата за креирање бизнис тренинг за Excel. Со креативен, а сепак професионален пристап, Ана е подготвена целосно да го трансформира начинот на кој Вашата компанија користи Microsoft Excel и со тоа значајно да ја зголеми ефективноста.

ПроГРАМА

  • Дефинирање сложени формули
  • Креирање сложени формули
  • Што е тоа Апсолутна референца?
  • Работа со функции
  • Основни функции
  • Пристап до сите функции во Excel
  • Други функции (Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp)
  • Условно форматирање “Conditional Formatting”
  • Опции за условно форматирање
  • Доделување на условно форматирање (Conditional Formatting)
  • Употреба на “What-If Analysis”
  • What-if Analysis – Пример
  • PMT функција:
  • Goal Seek
  • Креирање Пивот табели (Pivot Tables)
  • Пивот табела извештаи (Pivot Table Reports)
  • Пивот графикон (Pivot Chart)
  • Креирање графикони
  • Креирање графикон
  • Идентификување на деловите на графиконот
  • Алатки за работа со графикони
  • Подготовка за печатење и печатење на документот

ПРОЦЕС НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Чекор 1

ПОДНЕСЕТЕ АПЛИКАЦИЈА

Чекор 2

ЌЕ БИДЕТЕ КОНТАКТИРАНИ

Чекор 3

УПЛАТА ЗА
КУРС

Чекор 4

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА КУРСОТ