Student Experience (Академија за програмирање) – Васко Танчев
- ноември 16, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање Fullstack програмирање со JS Успешни приказни
Дали би ја препорачал оваа Академија и зошто? Разговаравме со Васко Танчев, кој го сподели своето искуство од втората по ред Академија за програмирање во SMX која се одржа 2021-2022.
1. Запознај не накратко со себе.
Студент во областа на софтверско инженерство на ЕУРМ-факултет, со особен интерес кон веб технологијата, и како практикант работев во компанијата Аlosys. Во компанијата Аlosys бев задолжен за измени на UI на нивниот софтвер, пишување на документација за карактеристиките на новата верзија на нивниот софтвер исто така и тестирање на софтверот. Мотивиран со познавање на јазици и алатки за развој, кој бара позиција во компанија ориентирана кон раст каде што можам да ги користам моите вештини во корист на компанијата додека имам можност да ги развијам сопствените вештини.
2. Која беше пречката или двоумењето што те спречуваше да се запишеш на Академијата? Кој беше твојот најголем страв?
Како пречка би била мојата дипломска работа, која по завршениот последен проект од академијата ми овозможи многу лесно да ја завршам и дипломската работа, и стравот дали инвестираното време во академијата ке се исплати, што се покажа дека многу вредеше шансата и стекнатото знаење.
3. Кој беше твојот главен мотив да инвестираш во своето знаење?
Успехот и темелите во ИТ светот е она што ме мотивира да инвестирам и работам на надоградба на моето знаење. Знаејќи го фактот дека мојата напорна работа и упорност ќе ми помогнат да постигнам поголем професионален успех е она што ме одржува понатаму.
4. Која специфична карактеристика најмногу ти се допадна во самата програма?
Учењето на модерни веб технологии.
5. Дали би ја препорачал/а оваа програма и зошто?
Да, поради ексклузивната можност да се изучуваат веб технологиите бесплатно.
6. Дали си задоволен што беше дел од нашата Академија и кој модул ти се допадна најмногу?
Да, затоа што моето знаење е значително зголемено по Академијата. Javascript, затоа што лично најмногу ме заинтресира и беше многу добро организирано.
7. Кој проект што го работевте на Академијата ти претставува најинтересен предизвик и зошто?
Последенот проект беше доста голем и доста интересен за работа каде што беа опфатени повеќе програмски јазици, проектот се работеше во група и наидувавме на проблеми каде што моравме групно да ги решаваме, а со сето ова ги усовршивме нашите вештини како веб девелопери.
Уписите на третата по ред Академија за Програмирање се во тек! Аплицирај до 20ти Ноември и добиј: целосна стипендија или полустипендија, на следниов линк.