Како да сетирате Facebook Business Page за само 15 минути
- април 14, 2020
- Објавено од: Горан Николов
- Категорија: Facebook & Instagram Marketing ,
Иако сум 90% убеден дека во животот имате креирано, сетирано или барем менаџирано со бизнис страница на Facebook, во овој блог пост ќе се обидам да ви помогнам да го направите тоа побрзо и поуспешно.
Facebook Business Page, или како што самото име нѝ кажува бизнис страна на социјалната мрежа Facebook, е одлична алатка за градење присутност и репутација, развивање врска со потрошувачите, рекламирање и многу друго. Без разлика на тоа во која индустрија или колку голем е Вашиот бизнис, едноставно мора да бидете присутни на Facebook! Ако се прашувате зошто:
- Бидејќи таму се вашите постоечки потрошувачи: никогаш не знаете кога тие сакаат да стапат во контакт со Вас.
- Бидејќи таму се вашите потенцијални потрошувачи: Вашата 24/7 присутност е есенцијална во трката да сте секогаш чекор пред Вашите конкуренти.
- Бидејќи се зборува за Вашиот бренд на Facebook: на тој начин ќе имате директен преглед во тоа што сакаат/не сакаат Вашите потрошувачи и ќе можете да правите подобрувања многу поажурно.
Со корисничка база од преку 2 милијарди, моментално Facebook располага со огромна група на луѓе кои се подготвени за Вашите објави. Па, ајде да ви покажам како правилно да ја сетирате Вашата Facebook бизнис страница за само 15 минути!
Чекор 1: Креирајте ја Вашата Facebook бизнис страница
Најпрво, најавете се на Вашиот личен Facebook профил како и вообичаено. Потоа, кликнете на Create што се наоѓа веднаш до Home. Изберете Page.
Овде имате избор од Business or Brand, или Community or Public Figure. Ќе изберете Business or Brand.
Следно, треба да изберете име на страната.
Не грижете се, името може да го сменете било кога, но проверете дали Вашето име на брендот или бизнисот е слободно и ако е, потврдете го веднаш и продолжете кон следниот чекор.
На пример, доколку Вашиот бизнис е познат под името SourceMX Academy, се разбира дека ќе сакате Facebook бизнис страната да Ви биде исто SourceMX Academy, како и профилот на Instagram и било која друга социјална мрежа и да ја користите.
Потоа, треба да изберете категорија за Вашата страница. Штом почнете да пишувате, Facebook ќе Ви понуди листа на опции од кои може да ја изберете најсоодветната.
Категоријата исто може да биде променета отпосле, а можете да додадете повеќе од една доколку во одреден момент го промените правецот во кој работите.
Чекор 2: Изберете Профилна Слика за бизнис страната
Следно, време е да изберете профилна слика.
Важно е да изберете слика која го опишува Вашиот бренд, како на пример Вашето лого е подобар избор од слика од Вашата продавница или тимот.
При избирањето слика имајте на ум дека тоа е првото нешто што посетителот ќе го забележа на Вашиот профил.
Минималните димензии за профилна слика се 360 х 360 пиксели. Сликата ќе биде изрежена во форма на круг од страна на Facebook, така што осигурете се дека сликата Ви е центрирана и во аглите нема детали кои ќе бидат исечени.
Чекор 3: Изберете Кавер Слика за Вашата Facebook бизнис страна
Ова е проблем за повеќето бизнис страни на Facebook: кавер слика. За некои бидејќи не знаат каква слика да стават овде и оставаат празен простор, за други бидејќи ставаат не доволно професионална или несоодветна слика. Но затоа ќе Ви споделам сега каква слика треба да имате таму.
Најважно, кавер сликата треба да изгледа привлечно бидејќи исто како и профилната, таа е јавна и сите може да ја видат. Друго, бидејќи таа зазема многу повеќе простор од профилната слика на екранот од компјутерот, лаптопот или телефонот, овој простор може да го искористите кога и да сакате да споделете нешто важно со Вашите потрошувачи.
На пример, како што можете да видите во сликата погоре, за кавер слика на SourceMX Academy избравме слика на која фокусот паѓа на онлајн курсеви, што е токму новината што сакаме да ја знае секој посетител во моментот.
Еве уште одличен пример на паметно искористен простор за кавер слика.
Доколку немате соодветна фотографија за кавер слика, веднаш посетете ја Canva, онлајн алатка за креирање слики која располага со готови темплејти за Facebook cover со идеални димензии, предлоги/елементи и слично. Доколку пак користите некој софтвер за дизајнирање, димензиите за Facebook кавер слика се 820 х 312 пиксели.
СОВЕТ: Оптимизирајте за мобилен телефон! Што значи тоа? Главната содржина на кавер сликата нека биде на средината од сликата за да се осигурите дека Facebook нема да Ви исече некои од деталите кои се по страните на сликата.
БОНУС СОВЕТ: Овој доаѓа од лично искуство – секогаш правете ги сликите во дупло поголеми димензии! Зошто? Бидејќи Facebook ги компресира, односно го намалува квалитетот на сликите значително. Димензиите се 820 х 312? Јас препорачувам 1640 х 624 пиксели!
Штом ја направите кавер сликата, кликнете на “Add Cover Photo” за да ја прикачите и наместите Вашата кавер слика:
Чекор 4: Креирајте корисничко име за Вашата Facebook бизнис страна
Четвртиот чекор е да ја истражиме целата бизнис страна и да ги искористиме некои од можностите за да го промовираме брендот на правилниот начин.
До овој чекор верувам дека бизнис страната Ви е веќе јавна и потрошувачите ќе можат да Ве пронајдат на Facebook, но треба да додадете малку повеќе информации за страната да има вредност и да им помогне на тие што Ве барале.
Најпрво, сетирајте корисничко име. За да креирате корисничко име, најпрво кликнете на See More, и потоа About.
Таму ќе го видите ова:
Кликнете кај Username (кај Вас ќе пишува Create username бидејќи немате) и ќе Ви се појави ова прозорче:
Целта на корисничкото име е да биде соодветно на името на Вашиот бренд во само 50 карактери. Најдобро е да биде потполно исто како Вашиот бренд, но доколку не е слободно тоа, обидете се со некоја кратенка или додадете нешто на крајот, како на пример „stratocasi2017“, што би ја означувало годината на отварање.
Кликнете на “Create Username” кога ќе го пронајдете.
ВАЖНО: Корисничкото име треба да Ви биде напишано на латиница, бидејќи Facebook кирилицата ќе ја препознае како симболи и букви и ќе изгледа од прилика вака:
Чекор 5: Пополнете сè во About секцијата
Кога сте веќе кај About, разгледајте ги сите можни опции и пополнете ги сите полиња со релевантни информации за Вашиот бизнис. Покрај тоа што тие ќе им служат на корисниците да Ве пронајдат и да се запознаат со Вашиот бренд, овие информации ќе му помогнат на Facebook алгоритамот да Ве рангира повисоко во соодветната категорија.
Додадете го Вашиот Instagram профил, веб страна, телефонски број и меил. Не заборавајте да ги ставите Вашите работни времиња, доколку имате физичка локација. Потоа додадете генерален опис за Вас. Еве како SourceMX Academy го има искористено овој простор за да ја опише својата дејност на кратко:
Чекор 6: Споделете ја Вашата приказна на Facebook
Се верува дека приказната на еден бренд не е важна, но тоа не е точно. Вашата приказна е шанса да го претставите Вашиот бренд во вистинско светло и да се издвоите од останатите. Еве како еден музички бенд го има искористено овој простор:
По оваа приказна веднаш знаете дека станува збор за бенд кој флертува со поинакви звуци и дефинитивно се издвојува од останатите, што е многу паметно користење на оваа можност за бизнис страни.
За да креирате Ваша приказна, притиснете на “+ Tell People About Your Business”.
Кога ќе притиснете, ќе се отвори еден прозор кој навидум изгледа како Facebook белешка. Можете да додадете текст, односно Вашата приказна, која веќе можеби Ви е напишана и се наоѓа на Вашиот веб сајт, а може да додадете и уште една слика со димензии 1200 х 445 пиксели.
И тоа е сè! Поминаа 15 минути?
Вашата Facebook бизнис страница е спремна за споделување во јавноста. Со Facebook страница која се издвојува од своите конкуренти, многу наскоро ќе забележите како Вашата репутација расте, особено ако редовно следите некаква стратегија за менаџирање со социјални профили, споделувате релативна содржина и го задржувате интересот на Вашите следбеници.