Како функционира алгоритамот на Facebook & Instagram во 2023?
- ноември 7, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Bootcamps
Дали знаеш како функционираат алгоритмите на Facebook & Instagram? Најпрвин, да видиме што се алгоритми?
Едноставно дефинирано – процеси и правила кои се користат за да се види каква содржина корисниците гледаат, за што имаат интерес, а со тоа да се подобри корисничкото искуство преку прикажување содржина што е најрелевантна, најпривлечна и персонализирана според нивните преференции.
Во прилог, сумирано како алгоритамите функционира на Facebook а како на Instagram:
Алгоритми за рангирање на Инстаграм
Instagram Stories: овој алгоритам дава приоритет на Instagram Stories кои имаат поголема веројатност да предизвикаат интеракција од страна на корисниците. Ги зема во предвид минатите интеракции, историјата на интеракциите и самиот профил кој ја споделува оваа содржина, активноста, комуникацијата со следбениците итн.
Instagram Feed: Алгоритмот за Feed избира содржина од профилите што ги следат корисниците, која што можеби ќе им се допадне. Ја зема во предвид претходната активност на корисникот, популарноста на објавите и веројатноста на корисникот да направи интеракција со содржината.
Instagram Reels: Алгоритмот за Reels се фокусира на доставување видео содржини во кратки форми во кои корисниците ќе уживаат, земајќи ги предвид факторите како мината интеракција, времето на гледање и популарноста на содржината.
Instagram Explorе: Алгоритмот за Instagram Explore препорачува содржина од профили што корисниците не ги следат, но со кои веројатно ќе направат некаква интеракција. Користи фактори како што се минати интеракции, популарност и релевантност на темата.
Алгоритми за рангирање на Фејсбук
Алгоритмот на Facebook користи вештачка интелигенција за да доставува персонализирана содржина до корисниците. Клучниот фокус тука е на релевантноста и корисничките параметри.
Таа има за цел да даде приоритет на содржината што е релевантна и привлечна за индивидуалните корисници. Висококвалитетната содржина е неопходна за рангирање на платформата. Пример: Видео кое содржи интерактивна содржина, и аудио или звук кој е популарен во моментот.
Препораки за добро рангирање на Facebook & Instagram
Кога содржината е ваша, оригинална, тогаш и Facebook & Instagram ви даваат предност пред другите бизниси поради тоа што главната цел на двете платформи е да им овозможи што подобро корисничко искуство на своите корисници.
Оттука, ова се неколку препораки кои можат да помогнат за вашата содржина да се истакне пред другите:
- Споделете содржина која ќе предизвика некаква интеракција. Пример: Instagram Story кое ќе содржи прашалник на некоја интересна тема, за која следбениците треба да ви дадат нивен фидбек.
- Секогаш одговарајте на релевантни коментари, или пак пораки во Инбокс, поради тоа што Инстаграм Алгоритмите ги гледаат и вашите интеракции со следбениците.
- Доколку бизнисот ви го дозволува тоа, споделувајте оригинални видео содржини на Facebook. На овој начин ќе допрете до публика која не ве следи.
Во SMX организраме 4-месечен Bootcamp за време на кој во текот на 3 месеци ќе споделиме едукација, информации, и содржина која ќе ви помогне да научите како правилно да се претставите на социјалните медиуми со конкретен бренд, да се позиционирате, и да брендот да биде успешен! Стекнато знаење ќе можете да го примените во практичниот дел каде 1 месец ќе работите на реални проекти за две маркетинг агенции.
Дознајте повеќе тука: https://smx.mk/live/social-media-marketing-bootcamp/