Курс за Email Marketing

Од нула до херој во емаjл маркетинг! 🧠

Приклучи се на нашиот курс и научи како да креираш успешна емајл стратегија!

Почеток: 11-ти Јуни (среда)

Времетраење: 4 предавања

Цена: 3600 денари

Распоред: среда и петок (18.00-19.30)

Сертификат за успешно завршен курс

Ниво: Почетник

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!​​

Или веднаш резервирај го твоето место

Зошто курс за Email Marketing?

Денес емајл маркетингот е еден од клучните канали во секој маркетинг микс. Добрата емајл стратегија е еден од најдобрите начини за брзо градење на вашата публика – и поврзување со нив на подлабоко ниво. Тоа е одличен начин за споделување нова содржина, градење врски, добивање повратни информации и многу повеќе. 

Што да очекуваш од овој курс?

Дали сте љубопитни што да кажете? Како да се изразите? Колку често да притиснете „испрати“?

Без разлика дали прв пат ќе праќате емајл кампања или сакате да ја обновите вашата емајл стратегија, лекциите што ќе ги научите се универзални и креирани да ви ги покријат клучните прашања. Секое поединечно предавање ќе ве запознае со основните концепти, водечките трендови и најважните тактички ресурси, кој ќе ви бидат од корист во креирање на совршената емајл стратегија.

Што ќе научиш

Како функционира емајл маркетингот и зошто носи најголем поврат на инвестиција

Како да креираш листа и сегментираш публика за поефективни кампањи

Кои видови емаил кампањи постојат и кога се користат

Како да напишеш маил што привлекува внимание и поттикнува акција

Како да користиш бесплатни алатки и платформи за испраќање маилови

Практични начини за користење на ChatGPT во пишување и анализа

Како да следиш резултати и да ги оптимизираш кампањите преку аналитика

Програма

 

Ден 1:

  • Email маркетинг како стратешки дигитален канал кој носи најголем поврат на инвестиција
  • Видови маилови
  • Насоки за содржина, структура и правилно пишување и дизајнирање

Ден 2:

  • Креирање на листи и таргет публики
  • Дефинирање на таргет персона и сегментирање
  • Креирање е-маил кампањи
  • Видови платформи за испраќање маилови
  • Одлични бесплатни алатки
  • Насоки за користење на ChatGPT за изработка, сегментирање и анализа

Ден 3:

  • Праќање на маилови
  • Совети за подобро сегментирање
  • Дефинирање на видови емаил кампањи според бизнис и цел
  • Автоматизации
  • Следење аналитика и оптимизација на кампањите

Ден 4:

  • Изработка на форми
  • Користење на landing pages за прибирање и креирање емаил листи
  • Правилно насочување на лидовите со релевантни маилови (содржина и subject lines)
  • A/B тестирање
  • Краток осврт на регулативата за испраќање маилови и спамирање

Запознај го инструкторот

Бојана С.Левеска

Lead Gen Strategist- Email Marketing Specialist

Долгогодишното искуство во финансискиот сектор и продажба го надоградив во делот на дигитален маркетинг(користење на дигитални канали за да се дојде до вистинските клиенти),со специјализација во делот на емаил маркетинг. 

Работам во Frontlogix -outsourcing компанија каде со правилно комбинирање на дигиталните канали и вклучување на емаил маркетинг како главен дел од стратегијата помагам да се подобри видливоста на брендот, да се дојде до вистинската публика,со тоа мах на поврат на инвестиција,остварување на бизнис целите и зголемување на бројот на клиенти,следејќи ги праксите во индустријата,најновите трендови,платформи и сл.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 11-ти Јуни (среда);


Времетрање: 4 предавања по 90 минути;


Распоред: среда и петок (18.00-19.30);


Цена: 3600 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.