Најчесто поставувани прашања – (Летен курс) Програмирање со JavaScript со Димитар Калапоцев
- мај 23, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Зошто JavaScript треба да биде твој фокус во 2023 година без разлика дали си веќе искусен програмер кој сака да ги надогради своите вештини или почетник во светот на програмирањето?
Во светот на технологијата која секојдневно напредува, и програмските јазици продолжуваат да се развиваат, а еден јазик кој постојано ја одржува својата број 1 позиција е JavaScript.
Големата примена на овој програмски јазик, ги зголемува и работните позиции за програмери кои знаат да програмираат со JavaScript, што можеби е најголемата причина: Зошто да учиш JavaScript за време на 6-дневниот летен курс во SMX.
Денес разговараме со Димитар Калапоцев, инструктор на курсот, кој ќе даде одговори на најчесто поставуваните прашања…
1. Кое е твоето практично искуство со програмирање со JavaScript?
Со JavaScript професионално се занимавам неколку години, работејќи на десетици реални проекти од повеќе индустрии кои ми овозможија забрзано да морам да го научам и совладам програмскиот јазик JavaScript.
Ова ми помогна да развијам способност за постојано учење и надоградување, нешто што сакам да го пренесам и на учесниците на курсот.
2. Што ќе се учи за време на курсот?
За време на курсот ќе се запознаеме со основите на JavaScript како променливи, вредности, оператори, if…else statements, loops, функции и низи.
3. Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
Наставата е прилагодена за студентите да можат да го совладат материјалот преку практични примени и најдобри пракси за пишување на JavaScript код.
4. Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за програмирање со JavaScript во SMX?
JavaScript е фундаментална технологија за навлегување во светот на програмирање, како што е веб девелопмент, мобилни и десктоп апликации и друго. Курсот во SMX е прилагоден за луѓе кои немаат никакво познавање со програмирање во JavaScript, но и тие што веќе имаат познавање ќе научат нови методи и најдобри пракси за пишување на JavaScript. Во текот на курсот ќе имате можност да ги примените теоретските делови во практични примери, а по завршувањето на курсто ќе имате целосна подршка од страна на инструкторот.
5. За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
Овој курс е наменет за секој кој сака да започне со веб програмирање и има интерест да започне професија како програмер. Никакво почетно искуство не е потребно бидејќи курсот е прилагоден за почетници, но основно познавање со HTML и CSS е добро.
6. Твоја препорака до сите идни учесници?
Учењето е процес кој никогаш не завршува. Во моето неколку годишно искуство како програмер, дневно го надградувам моето знаење и се стекнувам со нови вештини.