Најчесто поставувани прашања – (Летен курс) за Adobe Illustrator со Марија Габрешанец
- јули 25, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Блог за дигитални вештини
1. Кое е твоето практично искуство со Adobe Illustrator?
Со Adobe Illustrator работам секој ден, од рутинско креирање на материјали за социјални мрежи до креирање на лого, брендинг, key visuals, припреми за печатање но и за креирање елементи за движечки графики (motion graphics)
2. Што ќе се учи за време на курсот?
За време на курсот ќе се учи за основни и поважни алатки во Adobe Illustrator, како да креираме дизајн од почеток до крај, како лого, брендинг, постер, фалер, но ќе опфтиме и други инетерсни можности во Adobe Illustrator, како што е 3D ефекти кои се доста популарен дизајнерски тренд за 2023.
3. Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
Наставата опфаќа 6 предавања, едно предавање ќе трае 2 часа, нормално со паузи со цел што е можно повеќе да се опфати од материјалот за Adobe Illustrator. За време на предвањата, откако ќе се објасни за некоја алатка, преминуваме на кратка практична примена на истата за учесниците да бидат активни и да постават прашање доколку имаат потешкотии, и на крај од секое предавање ќе добијат домашна задача која ја дискутираме на следното предавање.
4. Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Adobe Illustrator во SMX?
Прво, наставата е онлајн, лесна за следење од било каде, и е избор на учесниците дали ќе бидат активни или само ќе ја слушаат програмата, не добиваат минус за неактивност, само за ненапишани домашни (хаха)
Второ, Adobe Illustrator е многу корисна програма за сите што сакаат да работат со графички дизајн
Трето, Освен со запознавање со Adobe Illustrator, ќе се запознаеме и повеќе со графичкиот дизајн, типографија и принципи, како и со корисни трикови за побрзо и поефикасно дизајнирање.
5. За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
Курсот главно е наменет за почетници кои прв пат се среќаваат со Adobe Illustrator и со графички дизајн, но може да се приклучат и тие кои имаат веќе основно познавање бидеќи ќе опфатиме и материјал кој ќе ги прошири нивните основни знаења за Adobe Illustrator.
Уписите за Illustrator курсот се во тек. Зачувај си место тука.