Реални прокети кои студентите ги изработија за време на Академијата за програмирање (генерација 2021/2022)
- октомври 19, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Како го применија стекнатото знаење нашите студенти за време на Академијата за програмирање (генерација 2021/2022)?
Академијата за Прогамирање во SMX се одвива според посебен модел во кој ние доделуваме целосни или половина стипендии на одреден број кандидати кои го поминале соодветниот тест период, потоа им овозможуваме 9 месечна детална програма каде се запознаваат со сите програмски јазици потребни за еден програмер, со цел по завршувањето на Академијата да можат веднаш да започнат со работа, во кој процес ние особено сме ангажирани да помогнеме! Бидејки овој модел се покажа како успешен два пати до сега, оваа година ја организираме третата по ред Академија за која можеш да дознаеш многу повеќе тука.
Во денешниот блог пост те запознаваме со неколку проекти изработени од страна на нашите претходни студенти, и нивното искуство кое го споделија со нас.
Проект – Houzez
На веб-страницата се наведени уникатни имоти за изнајмување и за продажба. Тука се вметнати и информациите за контакт на агентите за продажба како и самата локација на агенцијата.
“Најинтересен предизвик ми беше последниот проект (Houzez), бидејќи во него го применивме целото наше знаење стекнато на академијата и научивме многу нови нешта.” – Бојан Димоски
“Последенот проект беше доста голем и доста интересен за работа каде што беа опфатени повеќе програмски јазици, проектот се работеше во група и наидувавме на проблеми кои што моравме групно да ги решаваме, ги усовршивме нашите вештини како веб девелопери.“ – Васко Танчев
“Завршниот проект ми беше најинтересен предизвик, бидејќи целосно го сублимира знаењето стекнато на академијата и е одличен додаток за моето портфолио.” – Стефан Николовски
Проект – Space-app
Веб-страница која промовира вселенски туризам, каде може да изберете на која планета сакате да патувате но и да се запознаете со самиот екипаж.
“Space-app и Charity-page за мене претставуваат најинтересни предизвици. Се правевме сами, начинот на соработката, пристапот па се до како ѓи решававме проблемите.” – Дарко Стојановски
Проект – Charity-page
Charity page претставува веб-страница која е изградена за донирање на средства на хуманитарни здруженија. Тука се наведени потребните информации за самите здруженија како и потребните контакт информации.
“Завршниот проект ми беше најинтересен предизвик, бидејќи ги вклучува сите елементи кои ги учевме во самата академија.” – Петар Стефановски
Проект- Pizza-app
Pizza-app претставува веб-страница каде може да ги промовирате вашите највкусни пици.
“Pizza-app беше најдобар затоа што беше доста голем и сеопфатен полн со предизвици каде можевме да научиме многу.” – Кире Митров
“Pizza-app беше најдобар проект. Направивме многу функционалности и во делот со React и во делот со Node.js.” – Кирил Павлов
Уписите за новата група на Академијата за Програмирање се во тек! Аплицирај до 20ти Ноември и добиј:
➡ Целосна стипендија (5 кандидати)
➡ Половина стипендија (10 кандидати)
Бројот на студенти е ограничен! Резервирај го своето место на време!