Student Experience (Академија за програмирање) – Слободанка Свиркова
- ноември 2, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање Fullstack програмирање со JS Успешни приказни
Денес разговараме со Слободанка Свиркова, поранешен студент на Академијата за Програмирање во SMX. Таа е пример за тоа дека секој треба да го негува својот талент – желбата за математика, и логичко размислување ја насочила во успешна кариера како веб девелопер.
1. Запознај не накратко со себе. Која е Слободанка?
Имам 24 години и сум дипломиран инженер по компјутерско инженерство и технологии. Комуникативна личност која постојано сака да учи и да се надоградува. Ги обожавам крими романите. Во слободно време практикувам прошетки во природа, книги, а знам и јас да напишам текст или поема. Две години работам во ИТ секторот и мислам дека тоа беше една од моите најдобри одлуки до сега.
2. Бројките се твојата јака страна. Зошто се одлучи да ја примениш твојата желба за математика и логика во веб програмирање?
Се започна кога требаше да се запишам на факултет. Како и многу средношколци незнаев што сакам да студирам. Низ годините имав различни желби за факултет како: англиски, математика, медицина, а најмногу од се криминалистика. Но не вредеше да го трошам талентот за математика и логика на правни книги од 1000 страни па тоа ме одврати од таа желба и ме насочи кон една навистина просперитетна и многу барана професија како што е програмирањето.
3. Како дозна за SMX Academy и што ти беше клучно при одлуката да се вклучиш во Академијата за програмирање?
За акдемијата дознав сосема случајно на интернет. Тогаш бев четврта година на факултет но не чувствував некоја голема самодоверба во поглед на професијата и како тоа би изгледало кога ќе почнам да работам. И така одлучив да се вклучам на академијата, за да стекнам самодоверба, да видам како тоа изгледа на реални проекти и пред се да ги научам технологиите кои многу се бараат денес во ИТ секторот.
4. Беше посветена 7 месеци на интензивна програма на оваа Академија. Дали истата ги исполни твоите очекувања?
Да, се стекнав со многу знаење, самодоверба и бев поспремна за започнување на мојата кариера.
5. Што работиш во овој момент? Колку знаењето од Академијата го применуваш во секојдневната работа?
Во моментов работам како infrastructure developer (devops). Сега применувам различни технологии, не тие што ги учев на академијата, сепак devops е друга сфера од ИТ, но знаењето што го стекнав на академијата ми помогна во многу области. Најпрво ми помогна во интервјуата за работа,а и да го збогатам моето CV и LinkedIn профилот. Знаењето што го добив за Git го применувам секојдневно уште од почетокот на мојата кариера. Исто така ако знаеш да напишеш код во еден програмски јазик, полесно ќе научиш и друг бидејќи логиката е иста, само синтаксата е различна. Имав и можност да работам на некои проекти на кои директно го применив моето знаење за веб девелопмент стекнато на академијата. А и да напоменам дека дипломската ја изработив токму со технологиите и знаењето што го стекнав овде.
6. Како би го опишала твоето целокупно искуство со SMX Academy?
Имав навистина позитивно и убаво искуство. Се стекнав со многу знаење, soft skills, работа во тим, а и нови пријатели. Имаше многу дружба и после часови, смеа и пред се позитивна атмосфера.
7. Што би им препорачала на идните студенти на Академијата?
На идните студенти би им препорачала да не испуштаат можности за учење бидејќи само така ќе напредуваат во кариерата и ќе стекнат знаење и самодоверба. Светот на ИТ е таков што секој ден технологиите одат напред па мора да бидеме во тек и да се надоградуваме. Оваа академија е одличен почеток за да се стекнете со знаење, не само за технологиите, туку и за процесот на интервју, како работата изгледа во реалниот свет, а и за карактерните особини како комуникативност, работа во тим, трудољубивост итн. кои исто така се многу важни за работодавачите.
Уписите на Академијата за Програмирање се во тек! Пријави се тука и искористи попуст од 700 евра со уплата на 1-ва рата во јуни.