Success Story – Иван Ивановски, студент на Full-stack Академијата за програмирање
- мај 23, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Fullstack програмирање со JS Успешни приказни
Кога ги следиме соништата и цврсто веруваме дека ќе се остварат, честопати тие навистина се остваруваат. Иван е пример за тоа, од студент на Full-stack Академија за програмирање во SMX до програмер во IT Labs.
1. Зошто се одлучи за Full-stack Академија за програмирање во SMX?
Full-stack Академијата во SMX ми привлече големо внимание поради нивната програма, имаше доста интересни модули од кои сакав да научам и да го надоградам моето знаење. Изучувавме најсовремени технологии кои моментално се “тренд” во оваа индустрија.
2. Што научи на Академијата (издвој модул кој најмногу ти се допадна, и наведи 3 причини зошто?)
На оваа Академија научив да изработувам веб-проекти од нула, работа во најсовремени технологии во Front-End и Back-End, работа во тим, и нешто многу битно за оваа работа, како континуирано да го надоградуваш своето знаење и да се снаоѓаш со секојдневните работни проблеми. Иако имаше доста интересни модули како например напредно објектно ориентирано програмирање во Python(Django), мене лично најмногу ми се допадна модулот за React, една од најкористените библиотеки за JavaScript во денешницата. Овој модул беше перфектно објаснет за почетници, а понатаму исто стигнавме и до длабоко изучување на оваа библиотека. Исто така ова ми помогна да научам и некои понапредни принципи на JavaScript и подлабоко да го сфатам функционалното програмирање.
3. Дали имаше претходно познавање од програмирање? Колку академијата ти помогна добро да се запознаеш со full-stack програмирање?
Имав предзнаење, на Академијата не само што премногу го надоградив моето знаење, туку и научив и многу други битни работи како што веќе наведив, за кои сум многу благодарен. Секогаш има нешто во што можеме да се подобриме и научиме нешто ново. Програмирањето е гранка во која секогаш мора да имаме “глад” за учење на нови работи, бидејќи технологиите брзо се развиваат.
4. Издвој ни еден омилен проект, и накратко опиши ни го твоето искуство?
Проектот “Pizza-App” ми беше многу интересен. Научив многу работи за користење на познатиот Redux кои ден денес го користам во доста проекти. Исто така беше предобро искуство за работа во тим која е неопходна за работа на големи проекти.
5. Дали советите зададени од страна на тимот на SMX, ти помогнаа при твоето вработување?
Секако, за да стигнете до интервју, најчесто треба портфолио за коешто академијата на интересен начин ни помогна да го изградиме. Откако ќе стигнеме на интервју, има доста работи на кои треба да знаеме како да одговориме за да се издвоиме на пазарот. Лично мене советите од Академијата многу ми помогнаа за интервјуата.
6. Како и каде го применуваш знаењето стекнато на Академијата?
Моментално сум вработен како “Junior Full-Stack Engineer” во “It-Labs”, голема компанија основана во Los Angeles која има и канцеларии во Скопје, Македонија. Секојдневно го применувам знаењето стекнато од Академијата, како и искуството кое го добив за снаоѓање и справување со секојдневните работни проблеми.