Ние ќе ти помогнеме преку нашата повеќемесечна програма за совладување на целиот материјал за да се стекнеш со потребните знаења и вештини да започнеш кариера како IT професионалец. Нашата цел е секој ученик да го совлада материјалот, без разлика колку време е потребно. Иако следиме однапред дефинирана програма, курсевите завршуваат со дебати за одредени теми, каде што секој го споделува својото мислење.
Преку соработката на SmartClick со SMX, еден од учесниците на академијата ќе добие понуда за вработување и рефундирање на половина од цената на академијата. Но, освен тоа, тимот на SmartClick максимално ќе се вложи сите учесници да се стекнат со потребното знаење, притоа користејќи го своето долгогодишно искуство преку работа на над 200 проекти со клиенти од целиот свет.
Како да работиш со Git и како да го користиш GitHub за градење на портфолио и работа во тим
Како да програмираш со едни од најпопуларните и најбараните програмски јазици HTML/CSS/SASS, JavaScript и PHP
Развивање на custom теми во WordPress според докажани и тестирани методи на девелопирање
Како се работи на реални проекти во тим со помош на искусни ментори кои преку практични примери ќе ти помогнат да го стекнеш потребното знаење
Како да го изградиш твоето портфолио на GitHub и како да го оптимизираш твојот LinkedIn профил за зголемени шанси за вработување
WordPress е систем за управување со содржина (CMS-Content Managment System) кој ви овозможува да хостирате и да градите веб-страници. WordPress содржи архитектура на приклучоци и систем на шаблони, така што можете да ја прилагодите секоја веб-страница за да одговара на вашиот бизнис, блог, портфолио или онлајн продавница. Меѓутоа, голем број компании од најразлични големини, ја увидоа моќта на платформата и можностите што ги нуди, па токму затоа се одлучија да ја користат и да инвестираат во различни, custom build решенија кои се многу побрзи, поефективни и побезбедни од користењето готови темплејти.
WordPress Developer е искусен програмер кој се концентрира на манипулирање со платформата WordPress за да креира веб-страници. Слично на тоа, web developer е програмер кој може да развие веб-страници за различна употреба со различни веб-рамки и технологии. Програмерите на WordPress имаат широк спектар на одговорности, од кои повеќето вклучуваат развој и имплементација на „делумни“ решенија за веб-локации. Бидејќи нивниот фокус е на веб-страниците на WordPress, тие треба да бидат способни да ја разберат структурата на платформата и нејзините основни функции и библиотеки. Ова бара одредени нивоа на искуство во PHP, MySQL, CSS и други јазици кои првично беа користени за изградба на платформата.
WordPress доминира на пазарот на најбарани вештини, што е потврда дека инвестирањето во ваква вештина е вистинска одлука. Работните позиции во оваа област се зголемуваат секојдневно, а оваа Академија има за цел целосно да те подготви за да започнеш со работа веднаш.
Бидејќи можноста за соработка со домашни и странски компании е целосно базирана преку интернет, секој IT професионалец може да работи од било која локација без притоа да има проблеми со работните активности. Освен тоа, ова отвара можности за соработка со компании од поразвиените пазари.
Обуката ја организираме по највисоки критериуми. Со цел нашите студенти да станат квалитетен кадар во големите ИТ компании. Наша цел е да откриеме посветена група на луѓе кои ќе го научат и совладаат материјалот со собирање апликации, спроведување тестови и интервјуа. Ја дизајниравме програмата за да го надбљудуваме напредокот на учениците и да го прилагодиме темпото, наместо да брзаме низ содржината.
Глигор е основач на едукативниот центар SMX. Преку 7 годишното искуство со дигитален маркетинг и работа со WordPress, ќе зборува за популарноста на платформата и можностите што ги нуди.
Милан е основач на SmartClick SEO & Web agency. Позади себе има долгогодишно искуство во областа на веб програмирање и соработка со голем број странски клиенти. SmartClick е Web & SEO агенција која е основана во 2018 година, по претходно долгогодишно самостојно искуство во програмирање и SEO.
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Искуството што го стекнавме со организирање на над 200 курсеви и обуки, со над 2200 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.
Нашиот тим подолго време е во процесот на подготвување на најпрвин кратки курсеви во областа на продажба и бизнис алатки. Сега преминавме кон изготвување комплетно решение за сите кои сакаат да направат сериозна надградба на нивната кариера.
Преку нашата академија за Fullstack WordPress Development, ќе имаш можност да работиш со инструктор кои е максимално посветен да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на WordPress.
Програмата што ја нудиме е интензивна, и соодветна да ти помогне да се стекнеш со сите потребни вештини на еден Fullstack WordPress Developer.