Бесплатен вебинар за Fullstack WordPress

Кариерни можности како Fullstack WordPress Developer

Со пополнување на формата ќе добиеш снимка од вебинарот

Времетраење: 60 минути

Бесплатно

Ниво: Почетник

Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро и ќе ја испрати снимката од вебинарот.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

За што ќе зборуваме на вебинарот за Fullstack WordPress Development

Што е WordPress и зошто е толку популарен

Од каде да се започне со учење

Кои се можностите на инвестирање во ваква кариера

Кои вештини се потребни за таа професија и кои се можностите

SMX организира шест-месечна академија за Fullstack WordPress

Ние ќе ти помогнеме преку нашата повеќемесечна програма за совладување на  целиот материјал за да се стекнеш со потребните знаења и вештини да започнеш кариера како IT професионалец. Нашата цел е секој ученик да го совлада материјалот, без разлика колку време е потребно. Иако следиме однапред дефинирана програма, курсевите завршуваат со дебати за одредени теми, каде што секој го споделува својото мислење.

Можност за вработување во SmartClick

Преку соработката на SmartClick со SMX, еден од учесниците на академијата ќе добие понуда за вработување и рефундирање на половина од цената на академијата. Но, освен тоа, тимот на SmartClick максимално ќе се вложи сите учесници да се стекнат со потребното знаење, притоа користејќи го своето долгогодишно искуство преку работа на над 200 проекти со клиенти од целиот свет.

Што ќе научиш на академијата

✔ Како да работиш со Git и како да го користиш GitHub за градење на портфолио и работа во тим

✔ Како да програмираш со едни од најпопуларните и најбараните програмски јазици HTML/CSS/SASS, JavaScript и PHP

✔ Развивање на custom теми во WordPress според докажани и тестирани методи на девелопирање

✔ Како се работи на реални проекти во тим со помош на искусни ментори кои преку практични примери ќе ти помогнат да го стекнеш потребното знаење

✔ Како да го изградиш твоето портфолио на GitHub и како да го оптимизираш твојот LinkedIn профил за зголемени шанси за вработување

GIT/GITHUB

HTML/CSS

SASS

JAVASCRIPT

PHP

WORDPRESS

CAREER PREP

REAL TIME PROJECTS

Што е WordPress

WordPress е систем за управување со содржина (CMS-Content Managment System) кој ви овозможува да хостирате и да градите веб-страници. WordPress содржи архитектура на приклучоци и систем на шаблони, така што можете да ја прилагодите секоја веб-страница за да одговара на вашиот бизнис, блог, портфолио или онлајн продавница. Меѓутоа, голем број компании од најразлични големини, ја увидоа моќта на платформата и можностите што ги нуди, па токму затоа се одлучија да ја користат и да инвестираат во различни, custom build решенија кои се многу побрзи, поефективни и побезбедни од користењето готови темплејти. 

Што е Fullstack WordPress Developer

WordPress Developer е искусен програмер кој се концентрира на манипулирање со платформата WordPress за да креира веб-страници. Слично на тоа, web developer е програмер кој може да развие веб-страници за различна употреба со различни веб-рамки и технологии. Програмерите на WordPress имаат широк спектар на одговорности, од кои повеќето вклучуваат развој и имплементација на „делумни“ решенија за веб-локации. Бидејќи нивниот фокус е на веб-страниците на WordPress, тие треба да бидат способни да ја разберат структурата на платформата и нејзините основни функции и библиотеки. Ова бара одредени нивоа на искуство во PHP, MySQL, CSS и други јазици кои првично беа користени за изградба на платформата.

Зголемена побарувачка на професионалци

WordPress доминира на пазарот на најбарани вештини, што е потврда дека инвестирањето во ваква вештина е вистинска одлука. Работните позиции во оваа област се зголемуваат секојдневно, а оваа Академија има за цел целосно да те подготви за да започнеш со работа веднаш.

Remote work (работа од било која локација)

Бидејќи можноста за соработка со домашни и странски компании е целосно базирана преку интернет, секој IT професионалец може да работи од било која локација без притоа да има проблеми со работните активности. Освен тоа, ова отвара можности за соработка со компании од поразвиените пазари.

Како SMX ја спроведува академијата

Обуката ја организираме по највисоки критериуми. Со цел нашите студенти да станат квалитетен кадар во големите ИТ компании. Наша цел е да откриеме посветена група на луѓе кои ќе го научат и совладаат материјалот со собирање апликации, спроведување тестови и интервјуа. Ја дизајниравме програмата за да го надбљудуваме напредокот на учениците и да го прилагодиме темпото, наместо да брзаме низ содржината.

Запознај го говорникот на вебинарот и инструкторот на академијата за Salesforce Admin

Глигор е основач на едукативниот центар SMX. Преку 7 годишното искуство со дигитален маркетинг и работа со WordPress, ќе зборува за популарноста на платформата и можностите што ги нуди. 

Глигор Ризов

Founder and CEO of SMX

Милан Савов

Founder & CEO of SmartClick

Милан е основач на SmartClick SEO & Web agency. Позади себе има долгогодишно искуство во областа на веб програмирање и соработка со голем број странски клиенти. SmartClick е Web & SEO агенција која е основана во 2018 година, по претходно долгогодишно самостојно искуство во програмирање и SEO.

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
инструктори во тимот
0

Што велат нашите учесници

Зошто академија за Fullstack WordPress во SMX?

Искуството што го стекнавме со организирање на над 200 курсеви и обуки, со над 2200 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.

Нашиот тим подолго време е во процесот на подготвување на најпрвин кратки курсеви во областа на продажба и бизнис алатки. Сега преминавме кон изготвување комплетно решение за сите кои сакаат да направат сериозна надградба на нивната кариера.

Ѓорги

Координатор на програмата

Преку нашата академија за Fullstack WordPress Development, ќе имаш можност да работиш со инструктор кои е максимално посветен да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на WordPress.

Програмата што ја нудиме е интензивна, и соодветна да ти помогне да се стекнеш со сите потребни вештини на еден Fullstack WordPress Developer.