Зошто кариера како .NET девелопер?
- јануари 3, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: .net Full-Stack Програмирање
Еден од најупотребуваните frameworks во Македонија и пошироко е .NET. Причината за сето ова се можностите со помош да .NET да се изградат веб-апликации кои одговараат на специфичните потреби на еден бизнис. Во денешниот блог пост ќе зборуваме за една од најатрактивните и најбарани работни позиции во моментов .NET девелопер.
Што значи .NET девелопер?
Кога зборуваме за .NET developer мислиме на софтверски инженер кој го гради софтверот користејќи ги .NET технологиите на Microsoft. Тој се занимава со дизајн, имплементација и развој на софтверските производи според техничките потреби.
Што е .NET?
.NET Framework е дел од .NET платформата, и се користи за градење апликации за Linux, macOS, Windows, iOS, Android и многу повеќе.
.NET Core претставува новата форма на .NET Framework и се користи за апликации во повеќе оперативни системи.
.NET претставува новото име и верзија на .NET Core, и се користи како термин од 2020 година
Интересни факти за .NET.
- Најпрвин .NET бил именуван NGWS (Next Generation Windows Services)
- Во почетокот .NET се употребувал за дизајнирање, развој и приспособување на софтверски апликации на платформата Microsoft Windows, денес со помош на ASP.NET, .NET програмерите можат да креираат апликации кои работат и на други платформи, како macOS и Linux.
- Со помош на .NET може да се креираат различни апликации како:
- веб апликации
- .NET мобилни апликации
- десктоп апликации
Употреба на .NET во светот
.NET технологии се широко користени за креирање на најразлични веб-страници и апликации. Според статистички податоци 8.9% од сите веб-страници во светот го користат ASP.NET како server-side програмски јазик, а само 3.4% користат Java.
Ако ја анализираме глобалната статистика, може да видиме дека .NET со 35% и .NET Core со 26% се едни од најкористените рамки и алатки меѓу програмерите. Популарноста на .NET технологијата е огромна, и овие бројќи ќе продолжат да растат во блиска иднина.
Просечна плата и побарувачка на програмери на .NET во Европа
Јуниор: 800 – 1300 €
Средно искуство: 1500 – 2500 €
Сениор: 3000+ €
Побарувачката на .NET програмери во денешно време е исклучително висока. Од една страна, бројот на компании кои бараат софтверски инженери со познавање на C#/.NET расте секојдневно, а пак од друга страна постои дефицит од луѓе кои го познаваат .NET. Со самото ова, има голем простор за нови потенцијални .NET програмери да се приклучат на оваа гранка во програмирањето.
Побарувачката и потенцијалот на .NET во Македонија
Поради се поголемата популарност и употреба на .NET во светот, побарувачката за професионалци кои работат со технологијата се пренесе и во Македонија, со тоа што доста домашни и странски компании ги зголемуваат нивните тимови со .NET програмери. Во месеците ноември и декември 2022 година, објавени се над 50 обласи за junior, intermediate & senior .NET програмери во Македонија, преку платформите како LinkedIn и Facebook групи специјализирани за работни позиции во IT индустријата.
Како да станеш .NET програмер?
Првиот чекор е да се запознаеш со .NET програмскиот јазик, а за оваа цел организираме Академија за програмирање со .NET која ќе биде активна наскоро! Следи не на социјалните медиуми каде ќе споделиме повеќе информации за Академијата!