5 најчести грешки што секој нов фриленсер ги прави
- јуни 6, 2019
- Објавено од: tankicag
- Категорија: Freelancing ,
Freelancing, како и секоја друга работа, има свои предности и слабости. Доколку сте личност која сака да учи од туѓите грешки, за вас тимот на SourceMX Academy подготви листа од 5-те најчести грешки со кои може да се соочите на почетокот од вашата кариера како фриленсер и како да ги избегнете истите.
- Наведување многу вештини
Најчеста грешка при градењето на онлајн профил на некоја од мрежите за “Freelance” е наведувањето на голем број вештини (од кои за некои и не сте премногу компетентни или искусни). Обично новите фриленсери при градењето на профилот наведуваат дека се квалификувани за работа во повеќе области, како на пример програмирање, дизајнирање и пишување на блог постови. Но, платформите за фриленс не го дозволуваат тоа и веднаш ве означуваат како профил со голем потенцијал да биде “scam”. Последиците може да бидат најразлични пенали, а дури и целосно блокирање на вашиот профил на одбераната мрежа каде што никогаш повеќе нема да имате право да работите повторно.
Решение: Обдерете една вештина во која сте најдобри или во која почнувате и нека само тоа биде наведено во вашиот профил, придружено со неколку слични вештини и сертификати или курсеви. На пример, доколку пишувате текстови за веб-пребарувачите, може да наведете content writing, web writing, copywriting, SEO writing, итн. Така ќе избегнете проблеми. Доколку сакате да заработувате и од друга вештина која ја поседуваате (можеби дизајнирање или маркетинг), најдобро е да одберете друга фриленс платформа каде што ќе барате работа за вашите споредни вештини. Напоменувам: споредни вештини.
- Користење иста апликација за повеќе работни позиции
Многу фриленсери ја прават оваа грешка. Испраќањето иста апликација за повеќе (слични) работни позиции не е добра практика и тоа може да биде препознаено од страна на самата платформа, а и од работодавците. И во овој случај, може да се соочите со соодветни последици кои нема да ви се допаѓаат, во зависност од платфоромата на која работите.
Решение: Кога аплицирате за работа, најдобро е да креирате посебни, уникатни апликации за секоја работна позиција. Една добра практика е да истражите и одблизу да се запознате со бизнисот и неговите потреби и врз основа на дознаените информации да ја изработите вашата уникатна апликација. Тоа може да ви донесе повеќе поени кај работодавачот и да ве стави повисоко од останатите конкуренти за истата работна позиција.
- Не го вреднувате доволно вашиот труд
Работите премногу, а не заработувате доволно. Со овој проблем се соочуваат многу фриленсери, особено кога се на почетокот од својата кариера. Во обид да ги зголемите шансите да ја добиете работата, ќе бидете склони да прифаќате работи по цени многу пониско отколку што всушност вашиот труд вреди. Можеби тоа ќе биде добро на почетокот и ќе ви помогне во пополнувањето на вашето портфолио, но доколку на време не научите да го вреднувате вашиот труд, на подолг рок тоа може да стане проблем особено ако фриленсерството стане ваша примарна работа.
Решение: Еден брз начин за да дознаете дали сте доволно платени за работата што ја работите е да се обидете да одговорите на овие прашања. Дали имате место за нови клиенти? Дали имате слободно време? Дали сите клиенти што ги имате денес добро ги третирате? Можете ли да ги задоволите сите ваши тековни трошоци навремено и без притисоци? Дали со вашата заработа може да ги платите вашите сметки? Дали можете да си ги пружите сите мали задоволства кои ги сакате?
Ако одговорот на едно или повеќе од овие прашања е НЕ, најверојатно не сте платени доволно. Ако одговорот на сите прашања е НЕ, не постои сомнеж дека не сте платени доволно.
- Не знаете да кажете “Не”
Луѓето кои работат како фриленсери честопати имаат проблем да кажат дека не сакаат или не се доволно квалификувани за дадената работа. Понекогаш тоа е поради финансиски причини, а често пати и разочарувањето кое може да го предизвикаат кај работодавецот со кој долго време соработуваат. Но, токму недоволната квалификација или немањето доволно време да се посветат на дадената работа знае да доведе до разочарување и прекин на долгата соработка.
Решение: Обидете се да прифаќате работни обврски САМО за кои сте соодветно квалификувани и имате место во вашиот календар. И кога ќе ги добиете, дадете сè од себе да одговорете на обврските професионално и навремено. Така ќе избегнете разочарувања и од ваша и од страна на клиентот за кој работите. Доколку во меѓувреме ви излезе можност за нова соработка која ветува поголеми придобивки и поголемо задоволство, не плашете се да кажете НЕ на моменталниот клиент и ДА на новиот. Со други зборови, научете да кажувате НЕ на работите кои ви предизвикуваат повеќе стрес отколку задоволство.
- Баланс помеѓу работа и личниот живот
Ова е повеќе добронамерен совет отколку грешка. Важно е да знаете да си воспоставите добар баланс помеѓу работата и вашето слободно време. Фриленсерството ви дава можност да одлучувате каде, кога и колку време ќе работите, но способноста да го поделите времето за работа и слободното време е клучот до успехот. Комуницирајте со клиентите во вашите работни часови и поставете реални граници за вашето слободно време и давајте си го потребниот одмор.
Доколку сакате да започнете кариера како фриленсери или сакате да научите нешто повеќе за оваа дејност, пријавете се на курсот “Како да Станете Freelancer“, организиран од SourceMX Academy.