Зошто да бидеш инструктор во SMX Academy

Дали некогаш си размислил дека твоите вештини и твојот талент би можеле да бидат искористени за обучување на млади и амбициозни индивидуалци желни за просперитетна кариера? Без разлика на тоа дали имаш искуство како инструктор или не, ние во SMX Academy постојано бараме луѓе кои сакаат да ги споделат своите знаења и вештини со нашите учесници, па затоа би сакале да стапиме во контакт со тебе и да ја дискутираме нашата потенцијална соработка.

Во меѓувреме, доколку сеуште се двоумиш дали да нѝ пристапиш или не, еве неколку причини зошто да станеш инструктор во SMX Academy:

  • Бидејќи ќе имаш можност да се издвоиш како експерт во твојата област
  • Бидејќи ќе имаш можност дa инспирираш животна промена кај други личности
  • Бидејќи ќе запознаеш и размениш мислења и искуства со најразлични личности
  • Бидејќи можеби ненадејно ќе започнеш сосема нова кариера како full-time инструктор
  • Бидејќи ќе заработиш дополнителни средства

Пријави се за инструктор

Пополни ја кратката форма и избери една од категориите со кои работиме или избери Друго, па потоа во следното поле напиши накратко која област или тема сакаш да ја опфатиш.

Последното поле “Предлог тема или област” може да се пополни и со веќе подготвена тема која може да се организира како курс.

smxlogo

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
организирани курсеви
0 +
учесници
0 +
инструктори
0

Што велат нашите учесници

Како и кој може да се пријави за инструктор во SMX Academy?

Во SMX Academy, секогаш имаме отворени врати за нови и иновативни вештини и курсеви. Процедурата за станување инструктор за SMX Academy е следнава:

  • Се пријавувате со пополнување на формата погоре или преку телефон
  • Доставувате драфт верзија од Вашата програма за курсот
  • По внимателно разгледување на Вашата програма, доколку го прифатиме Вашиот курс:
    • Ќе побараме кратко резиме од Вас, како и Ваша фотографија за веб страната и за маркетинг материјали
    • Ќе Ве повикаме на интервју за да ги финализираме деталите
 
Секој кој има желба да ги сподели своите знаења и вештини од браншите програмирање, маркетинг, дизајнирање или слични дигитални занимања е добредојден да се пријави како инструктор во SMX Academy. Постојано сме во потрага на инструктори, затоа што веруваме дека постојано има млади лица желни за учење и стекнување нови вештини.

Повеќе за SMX

SMX Academy

Платформа за кратки курсеви кои покриваат различни дигитални вештини како маркетинг, програмирање, дизајн итн. Нашите курсеви обезбедуваат персонализирано искуство за сите присутни, работа на реални проблеми и проекти и менторство од професионалци во областа.

SMX OnBoard

Нудиме професионален развој во повеќе области како технологии за програмирање, Blockchain, Dispatch, Data Science. Ние сме експерти во наоѓање квалитетни луѓе без искуство, обезбедување професионална и комплетна обука со цел добивање на квалитетен кадар спремен за вработување.

SMX Connect

Платформа преку која сите учесници кои комплетирале курс ќе можат да бидат додадени и ќе имаат можност да бидат контактирани од наши партнер компании за работа на проект или за вработување, а компаниите ќе можат да ги решат проблемите за наоѓање соодветен кадар.