6 генератори на бои за совршена палета на вашата веб страна
- мај 17, 2022
- Објавено од: Ana Stoilkova
- Категорија: Web Design
Порано во палетите на дизајнот се препознава една доминантна боја на брендот и неколку неутрални, денешниот систем на дизајнирање допринесува во создавањето на тренд во кој бојата зазема важно место. Новите палети на бои се посложени, содржат повеќе елементи, и не наведуваат да истражуваме нови концепти како што се силни контрасти, хроматски секвенци, обоени позадини, бои модулирани со неутрали, хиперзаситени палети, интензивни бои и.т.н.
Денес имаме пристап до бројни генератори на палети на бои и други алатки кои ни помагаат да си играме со сите варијации на бои. Овие алатки ни помагаат да започнеме со случајна боја или да избереме основна боја и да добиеме секундарни комбинации, дополнителни бои и нијанси. Можеме да ги разбереме и измениме физичките својства на бојата, да примениме варијации на тонот, осветленоста или да генерираме градиент палети.
Кога дизајнирате веб-страна, главен приоритет е усовршувањето на палетата на бои на вашата веб-страна. Доколку веќе имате на ум палета на бои што сакате да ја користите, важно е да размислите како боите комуницираат едни со други и со тоа какви емоции предизвикуваат кај гледачот. Ви издвојуваме неколку генератори за палети на бои и примери од веќе постоечки веб-страни со добар колорит кои ќе го олеснат овој процес.
Coolors
Coolors е супер брз генератор за да ги креирате вашите палети, да споделувате, во различни формати како SVG, PDF или SCSS и да се инспирирате од илјадници шеми на бои.
Hue Snap
Hue Snap е генератор на палета на бои кој ви овозможува да користите постоечка колекција на бои на палети или да направите своја со поставување слика и користење на избирачот на бои за да креирате приспособена палета на бои.
Material Design – COLOR TOOL
Оваа алатка ви овозможува да креирате, споделувате и применувате палети со бои на UI дизајните и да видите како боите избрани од вас ќе изгледаат на примери од вистински проекти.
Happy Hues
Оваа алатка е за оние кои не се сигурни за боите на нивниот проект и сакаат да видат примери на бои кои се користат во проекти за дизајн. Happy Hues има и информации за психологијата на бојата и терминологијата на боите.
Hail Pixel – COLOR
Оваа едноставна алатка е забавен начин да се создаде комплементарна палета на бои, едноставно го движите курсорот нагоре и надолу за да ја изберете бојата, кликнете за да ја зачувате и потоа преминете хоризонтално на следната боја, на крајот создавајќи целосна палета.
Khroma
Khroma е алатка за бои со вештачка интелигенција за дизајнери која учи од вашите преференции за да создаде неограничени палети.
Палети на бои од веќе постоечки веб-страни кои функционираат добро.
POLA Official Website
COAL OR BUST – Rouser
Notorious Nooch Co.
Goliath Entertainment
Wild Souls