7 Предности на AutoCad
- април 19, 2022
- Објавено од: Теодора Дузлеска
- Категорија: Дигитални вештини
Ако некогаш сте размислувале да влезете во дизајнерската индустрија, тогаш сигурно сте слушнале за AutoCAD.
Што е AutoCAD?
AutoCAD е софтвер кој се користи во голем број различни процеси на дизајнирање. Тој ви овозможува да цртате скици и цртежи во 2D и 3D. Најчесто го користат инженери, архитекти и други искусни професионалци кои изработуват разни 2D скици на објекти, куќи, згради, како и нивно претставување во 3D.
AutoCAD со својот моќен, но сепак лесен работен тек им ја олеснува работата на корисниците и им помага ефективно и прецизно да ги извршуваат командите.
AutoCAD има голем број на предности зошто да го научите. Едни од нив ќе издвоиме овде:
1. Заштедува време
За да се направи каков било посакуван цртеж/план/скица, потребно е многу време, но со измислувањето на AutoCAD, цртањето не е задача за која ќе ви е потребно да потрошите цел ден.
Нормално е дека цртањето во AutoCAD ќе одземе време, но во споредба со рачното цртање на моделот тоа е многу помало.
2. Може да се користи во многу индустрии и гранки
Овој револуционерен софтвер денес се користи во архитектурата, електромеханиката, градежништво, електрониката, склуптура, дизајн на куќи, внатрешен дизајн, сценографија, уметност итн.
3. Флексибилност
Важно е да се напомене дека AutoCAD е доста флексибилен и затоа можете да смислувате различни типови на дизајни, а со тоа и да ги конвертирате во различни датотеки и да ги менувате.
4. Точност
AutoCAD е популарен во речиси сите делови на светот најмногу поради неговата точност.
Поради фактот дека се работи за дигитално цртање, процентот на грешки е многу мал, со што ќе ви помогне да ги уредите вашите идеи на полесен начин и да дојдете до совршенство.
5. User-Friendly интерфејс
Голема предност кај овој софтвер е тоа што доаѓа со кориснички интерфејс што можете да го сфатите за краток временски период.
6. Одличен за Виртуелизација
Нуди можност за виртуелизација, односно прегледување и прошетка низ проектот во 3D приказ пред да започне процесот на производство
7. Симулација
Се користи и за креирање симулации и модели со жичана рамка, кои му помагаат на корисникот да ја провери функционалноста на моделот без да инвестира во прототип на моделот.
Покрај овие предности секако AutoCAD како и сите други софтвери има и недостатоци, но во споредба со предностите тие се многу малку. Дел од нив се:
- Висока цена
- Ограничен број на бои
- Ограничени формати на датотеки
- Потреба од силна компјутерска процесорска моќ
Знаејќи го потенцијалот на AutoCAD и можностите што ги нуди, ние во SMX Academy имаме веќе над 15 термини на курс за AutoCAD досега организирано. Ова е еден од нашите најпопуларни курсеви и секогаш брзо се пополнува бројката.