Со над една милијарда активни корисници, Instagram е еден од најчесто користениот социјален медиум во светот. Тој е лесен за употреба, секој може да создаде профил и да започне да поставува слики. Но, за да ја зголемите вашата видливост на Интернет и целосно да го искористите потенцијалот на оваа социјална мрежа, треба да креирате своја сопствена стратегија.

Предноста на Instagram е во сликите, но бројот на следбеници и количината на интеракции го прават твојот профил успешен.

Дали вашиот профил на Инстаграм или страница има тенденција да расте?

Доколку вашиот профил има тенденција да расте, но не можете да ги добиете посакуваните резултати, веројатно сè уште не ги знаете сите тајни на Instagram.

Не е возможно да се имаат непосредни резултати без да се знаат техниките и карактеристиките на оваа социјална мрежа. Затоа, не бидете обесхрабрени, ќе видите дека со малку вежбање и добро дефинирање на вашата стратегија, ќе можете да ја видите разликата.

Дали редовно објавувате, дали создадовте добар профил, ги вметнавте сите елементи што ги бара Инстаграм?

За да започнете да добивате резултати  важно е да започнете да ги дефинирате своите цели и да утврдите која е вистинската цел кон која треба да се насочите.

Кои се причините зошто луѓето би започнале да ве следат? Дали доволно ги засегате за тие да почнат да ве следат вас?

Овие прашања се корисни за да ви помогнат да разберете како да го поставите вашиот профил.

Дефинирање на вашата референтна категорија е од суштинско значење за да разберете кои hashtags да ги користите и што бара вашата цел.

Дали вашите фотографии се доволно привлечни? Профилот на Инстаграм не само што мора да биде убав и одржуван, исто така  мора да буди емоции.

Дали споделуваш приказни?

Приказната е невидливата нишка која што го спојува профилот со својата публика. Обидете се да го одржувате интересот на корисниците, користејќи слики со добар квалитет, искористувајќи ги приказните во Instagram, во интеракција со интересни профили за вашиот сектор и со вашите сопствени следбеници.

Одржување на Инстаграм профил

Постојат многу начини да го развивате вашиот профил на Инстаграм дури и кога не сте директно на платформата. Ајде да ги видиме заедно.

Спонзорирајте ги своите објавувања

Брз и ефикасен начин за зголемување на видливоста на вашиот профил и популарноста на вашата содржина е да ги спонзорирате преку ADS на Instagram.

Исто така, во овој случај, за да се избегне трошење пари, неопходно е да се проучат стратегии и да се постави кампања на начин што одговара на видот на бизнисот што го поседувате.

Основните чекори за успех во рекламната кампања се комплексни, но ајде да се обидеме да ги сумираме во овие чекори:

  • дефинирање на целите;
  • избор на целта;
  • план за буџетирање;
  • анализа на резултатите.

Очигледно , содржината мора да биде волшебна за да може да го привлече вниманието на корисниците и да ги натера да комуницираат со вас.

Креирање на кампањи за социјални медиуми може да изгледа едноставно, но само вистинските професионалци можат да гарантираат вистински раст и добра рентабилност.

Користете widget на Instagram или  додадете  follow button на веб страната. 

Ова е еден од најлесните начини да ги придобиете следбениците со активности надвор од платформата. Во случајот со WordPress, има многу додатоци за да може да се додаде оваа опција на вашиот блог.

Ако ви треба помош, контактирајте не за совет.

Добиј што е можно повеке допагања  „like bombing„

Ова е стратегија во која некои профили со многу следбеници ќе ти остават допаѓање (“like”) без да очекуваат повратна информација од твојо профил.

Благодарение на оваа практика можете да завршите во делот „популарен“ на оние што ги следат овие сметки. Како што можете да претпоставите, ефектот е навистина експлозивен! Всушност, со неколку лајкови, вашите фотографии можат да ги видат милиони луѓе, со што вашиот профил добива многу на популарност.

Сепак, за да ја користите оваа стратегија, треба да оцените два аспекта: цената е доста висока и сликите мора да бидат вирални.

Објавување на други социјални канали преку Инстаграм

Кога објавувате слика на Инстаграм, користете ги копчињата за споделување на други социјални мрежи како Фејсбук или Твитер.

Повторно, можете да изберете кои профили да ги поврзете, селективно. Ова очигледно им овозможува на луѓето да видат што објавувате на Инстаграм, да кликнат на сликата и да се вратат на вашиот профил на кој потоа можат лесно да ве следат.

Со тоа полесно ќе можете да придобиете следбеници од вашите профили на другите социјални медиуми на вашиот инстаграм профил.

 

Сега можете да го подобрите вашиот бизнис користејќи Инстаграм

Инстаграм е една од најкористените социјални мрежи во светот. Неговите броеви се јасни и корисници продолжуваат да се зголемуваат.

Сликите се моќно средство за создавање емотивна врска со следбениците и користењето на истите може да ви го помогне личното брендирање и да генерирате профит за вашата компанија.

Благодарение на оваа платформа, всушност, можете да успеете да продадете производи или услуги кои се привчени за вашите следбеници.

Се разбира, да се биде во можност да ги зголемите следбениците на Инстаграм и да градите добри профили е сложен процес кој трае долго време.

И, покрај времето потребни се методоти и стратегија.

Видовме колку алатки оваа социјална мрежа ви овозмоѓува и кои се најдобрите практики за зголемување на бројот на вашите следбеници.

Како што можеби претпоставите, да се рекламирате на Инстаграм е комплексно, а за да го искористите својот најголем потенцијал треба да имате добра стратегија.

Поради оваа причина, ако сакате да започнете да ја користите оваа социјална мрежа или веќе имате профил, но не функционира како што сакате, можете да побарате совет. Нашите менаџери за социјални медиуми со задоволство ќе ви помогнат.