AutoCAD: Зошто се користи и за кого е наменет?
- ноември 9, 2021
- Објавено од: Rosana
- Категорија: Дигитални вештини
Денес, на пазарот на трудот, кој пред сè е многу конкурентен, неопходно е да се истакнеме со уникатен сет од вештини за да можеме да се разликуваме од останатите. Во областа како што се: инженерството, архитектурата, градежништвото и управувањето со проекти, разбирањето на функциите и користењето на AutoCAD дефинитивно би Ви било од голема предност.
Што е AutoCAD?
Постојат различни програми за аматерско цртање, па и тридимензионални објекти кои се релативно лесни за користење. Пред сè, CAD e кратенка од Computer-Aided Design и претставува компјутерски потпомогната софтверска програма создадена од Autodesk. Тоа е вид на софтвер кој може да дизајнира најразлични проекти и се користи во различни сектори на индустријата.
АutoCAD е прва програма за моделирање и дизајнирање на дигитална платформа која е објавена во 1982 година и оттогаш, станува водечка програма што се користи за 2D цртање и 3D моделирање, а сите други CAD софтверски апликации се дизајнирани според неговиот интерфејс. Брзината и леснотијата со кои цртежите се креираат или менуваат со помош на компјутер, се огромни предност во однос на класичниот начин на работа.
Пред оваа програма, луѓето рачно дизајнирале и изработувале скици и модели, па очигледно било потешко и потребно многу време за извршување на задачата. Но, со пронаоѓањето на AutoCAD, сè станува поедноставено и полесно, бидејќи е моќна програма што ја користат инженери, архитекти, студенти, графички дизајнери, па дури и модни дизајнери ширум светот.
Што овозможува AutoCAD ?
Во AutoCAD може да се конструираат, дизајнираат и нацртаат технички цртежи. Покрај тоа, во него може да се отворат голем број AutoCAD цртежи одеднаш, и да се префрлат делови од еден цртеж на друг. AutoCAD ни овозможува:
- цртање технички цртежи во 2D;
- создавање на просторни 3D модели во форма на површини или цврсти материи;
- вметнување на различни податоци во цртежот во форма на дигитална содржина, слики, позадини и друго;
- изработка на фотореалистички слики (рендерирање);
- поврзување на постоечки цртеж со надворешни бази на податоци и слично.
Како AutoCAD ја олеснува работата?
AutoCAD е специјализирана за развој на големи уметнички дела заштедувајќи време и напор. Најдобро работи со команди како што се копирање, ротирање, скалирање и растегнување.Тие му овозможуваат на дизајнерот да црта прецизни уметнички дела со фракциони димензии кои го намалуваат ризикот од грешка. Овие прецизни цртежи е невозможно да се постигнат со рачни изработка. AutoCAD го олеснува сето тоа и им помага на корисниците да постигнат реален изглед на нивните проекти, воедно заштедува време и напор.
Користењето AutoCAD во работењето значи постигнување на следново:
- Значително намалување на времето потрошено за развој на проектот;
- Подобрување на квалитетот на производот произведен со зголемување на точноста на цртежот;
- Повеќекратна употреба на еден цртеж како основа за развој на слични проекти;
- Достапност на специфичен сет на алатки за цртање кои ја комбинираат функционалноста на поедноставните;
- Можност за интегрирана работа со други видови работни активности;
- Подобрување на продуктивноста на трудот
SourceMX Academy организира курс за AutoCAD преку кој ќе научите како брзо и лесно да работите со оваа програма, без долги и образложени објаснувања за техники и команди што веќе не се користат. Курсот започнува на 16ти ноември. За пријавување и повеќе информации КЛИКНЕТЕ ТУКА.