SourceMX станува SMX! Се надградуваме, усовршуваме и напредуваме!
- април 14, 2022
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Блог за дигитални вештини
После 4 години постоење, повеќе од 130 организирани курсеви, над 1500 учесници, над 15 инструктори за различни теми од маркетинг, програмирање, дизајн и бизнис, дојдовме до момент кога името SourceMX Academy не ги покрива сите наши области на работа и сите наши идни планови за раст и развој.
Вакви големи промени се секогаш долго време размислувани, разгледувани и дебатирани во нашиот тим, поради што, решивме да се ребрендираме со цел да ги рефлектираме идните амбиции и нашите клучни вредности.
Сакајќи да искористиме елементи од SourceMX заради задржување на препознатливоста, а во исто време и комплетно менување на значењето на брендот, се одлучивме за SMX. Навидум ова е кратенка од претходното име, што ни беше и појдовна точка, меѓутоа SMX е всушност акроним во кој ние како тим се препознаваме, и што како организација обезбедуваме за нашите учесници, а тоа е Skills, Motivation, eXperience.
Skills
Започнувањето нова кариера, напредувањето во моменталната и надминувањето проблеми во бизнисот стартуваат од исто место – учење нови вештини. Ние сме целосно посветени кон обезбедување квалитетни обуки преку кои учесниците ќе научат нови и корисни алатки, совети и процеси за учење и усовршување на потребната вештина.
Motivation
За време на едукативниот процес и работниот век, знаеме дека секој од нас има потреба од насочување, охрабрување и мотивирање. Соработувајќи со веќе над 1500 учесници во последните 4 години, ние знаеме дека клучен дел од нашата услуга е да ги мотивираме нашите учесници за надминување на предизвиците, за правење поголеми кариерни чекори, како и надградба на нивните бизниси.
eXperience
Нашиот тим е составен од над 15 инструктори кои се професионалци во своето поле и се посветени да го пренесат своето знаење и искуство на учесниците. Преку нашите предавања, учесниците имаат можност да прашуваат и да бараат помош од експерти со што ќе можат многу побрзо и полесно да го совладат материјалот и да се надградат со новата вештина.
Во исто време, нашиот досег на работа и едукација достигна нови нивоа, многу поконкретни, а во исто време многу поголеми. Увидовме дека услугите, обуките и тренинзите што ги нудиме не можат да влезат во една категорија и не можеме да ги презентираме под една платформа.
Токму затоа, за да обезбедиме комплетно едукативно искуство на нашите учесници, SMX ќе делува преку три платформи.
SMX Academy
SMX Academy е веќе познатата платформа за кратки курсеви кои покриваат различни дигитални вештини како маркетинг, програмирање, дизајн итн.
Нашите курсеви овозможуваат прилагодено учење за учесниците благодарение на инструкторите кои се посветени на одговарање на прашањата на учесниците во текот на курсот за поголема ефикасност во учењето. Воедно инструкторот го проценува напредокот на индивидуите и понудува персонализирани препораки за пронаоѓање на вистинскиот пат.
За поголема удобност, курсевите се одржуваат онлајн, што значи дека предавањата може да ги следите во простор кој вас Ви одговара за уште поголема ефикасност на процесот. Уште една голема предност – сите предавања Ви остануваат достапни за дополнително утврдување на материјалот и по завршување на курсот.
Во SMX Academy ја имате можноста за интеракции и размени на идеи со учесници кои се присутни да ја совладаат истата вештина или да решат сличен проблем со Вашиот. Ние поддржуваме отворена интеракција и опуштена атмосфера, и охрабруваме споделување на предизвици, прашања и дури и најмалите победи. Покрај тоа што слушате многу корисни совети од инструкторите, исто така можете да научите многу од едноставното слушање за искуствата на останатите учесници.
SMX OnBoard
Bo SMX OnBoard нудиме професионален развој во повеќе области како Blockchain индустријата, Dispatch, System Administrator, Full-Stack академија за програмирање и различни технологии поврзани со ИТ индустијата. Процесот на едукација и развој трае и до неколку месеци.
Целта на SMX OnBoard е да влијае директно на пазарот на трудот обучувајќи и припремајќи кадар за работа во горе наведените индустрии. Нашите обуки се организирани по највисоки правила и критериуми, со цел учесниците да станат квалитетен кадар со високо познавање на технологиите кои ги изучуваат, каде потоа имаат можност да се вработат во компании со кои ние имаме соработка, без притоа учесниците да плаќаат за целосната академија.
Апликантите кои сакаат да присуствуваат на нашите академии поминуваат низ тестирања и интервјуа, со цел да се селектираат кандидати кои ќе бидат целосно посветени на учењето и напредокот кои се таргет на обуката.
Нашата идеја е секој учесник да го совлада материјалот, независно колку време е потребно за тоа. Нашите инструктори, се неуморно посветени на самите проекти и претставуваат еден од најважните фактори за успешна реализација на истите.
Ние сме експерти за обука на луѓе со нула искуство, и претворање на квалитетен кадар спремен за вработување. Имаме соработка со голем број компании во Македонија, и имаме придонесено за развојот на голем број квалитетни кандидати на кои им помогнавме да се пласираат на пазарот.
SMX Connect
На денешниот пазар, растечките компании се соочуваат со сериозни предизвици во пронаоѓањето на вистинскиот талент. SMX Connect претставува платформа која им овозможува на компаниите брзо да идентификуваат и вработуваат нови членови на тимот, и на брз и ефикасен начин да ги решат проблемите за адекватен кадар.
Компаниите можат да пристапат до сите кандидати кои ги поминале нашите курсеви и академии, каде можат да го најдат соодветниот талент врз основа на нивните уникатни барања. Самата платформа им овозможува пристап до луѓе кои се желни за раст, изучување на нови технологии и вештини, и самонапредување.
Со самото приклучување во платформата нашите учесници се здобиваат со прилики и можности да бидат пристапени од компаниите со кои соработуваме, и потенцијално приклучување на пракса, индивидуални проекти или потенцијално вработување.
Им се заблагодаруваме на сите што досега учествуваа на некои од нашите курсеви, академии, работилници и настани и се надеваме дека ќе продолжиме да ја оправдуваме вашата доверба, фокусирајќи се на обезбедување се подобро едукативно и кариерно искуство.