Курс за Adobe Illustrator

Научи да дизајнираш во Adobe Illustrator!

Почеток: 23-ти Февруари

Времетраење: 6 предавања

Цена: 4200 денари

Распоред: пон-среда-петок (18.30-20.30)

Сертификат за успешно завршен курс

Ниво: Почетник

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!​​

Или веднаш резервирај го твоето место

Зошто курс за Adobe Illustrator?

Без разлика дали сакаш да креираш логоа, графички дизајни, или било какви илустрации за потребите на твојот личен бизнис или пак бизнисот за кој што работиш, овој курс е базиран на бројни практични примери и вежби кои ќе ти помогнат да научиш да дизајнираш во најупотребуваната алатка за дизајн
Adobe Illustrator!

Што да очекуваш од овој курс?

Интерактивни предавања

За време на курсот ќе имаш можност преку вежби да научиш да работиш во алатката Adobe Illustrator.

Искусен ментор

На курсот за Adobe Illustrator предава искусна менторка со повеќе од 5 години искуство како визуелен дизајнер.

Комплетна програма

Програмата на курсот е детална со цел да го добиеш потребното знаење за работа во алатката за дизајн Adobe Illustrator.

Што ќе научиш

Вовед во светот на графички дизајн

Разликата помеѓу различните видови на графика

Креирање на цртежи и форми

Типографија и распоред на дизајнот

Креирање на лого

3Д ефекти и графика на социјалните мрежи

Изработка на вежби и проекти

Совладување на основните алатки и техники, како и создавање на комплексни графики

Каде се употребува Adobe Illustrator

Програма

Ден 1:

  • Векторска и растерска графика
  • Што е графички дизајн, запознавање со Illustrator
  • Менија и алатки на кратко
  • Креирање на документ

Ден 2:

  • Цртање форми (pen tool brush tool итн)
  • Трансформации
  • Оbject menu
  • Креирање на едноставно лого

Ден 3:

  • Бои, gradient, mesh, layers
  • Креирање на покомплексно лого и патерн

Ден 4:

  • Типографија
  • Работа со текст,
  • Креирање флаер, статија од весник или страна од брошура

Ден 5:

  • 3Д и ефекти и креирање на постер или пост за социјални мрежи

Ден 6:

  • Експорт,
  • Снимање
  • Припрема за принт

Запознај го инструкторот

Марија Габрешанец

Visual Designer and Development Manager

Марија е визуелен дизајнер со 5+ години искуство во дигитален маркетинг и филм. Има работено на филмовите “Врба” и “Хомо” како графички дизајнер, како и на документарецот “Каде ли ти оди гласот” и краткиот филм “Баскет” како дизајнер на анимација и графичка обработка. Денес, работи како сениор дизајнер и видео едитор во SignUp Digital и работи на проектите “ИЗИИС за Скопје” за УКИМ-ИЗИИС и “Moe тело, мој flow” за dm. Нејзиното необично работно искуство со дизајнот и е мотивација да ги сподели своите знаења, вештини и трикови, посебно за дизајнирање во краток рок.​

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

За кого е наменет овој курс

Курсот е со почетно ниво и е наменет за секој што сака да ги научи основите на програмaта Аdobe Illustrator

Млади ентузијасти на графичкиот дизајн кои сакаат да се воведат во оваа професија

Графички дизајнери кои сакаат да го обноват своето знаење

Секој што сака да додаде нова вештина во своето CV

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 23ти Февруари;


Времетрање: 6 предавања по 120 минути;


Распоред:  понеделник, среда и петок (18.30-20.30);


Цена: 4200 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.