ТРЕНИНГ ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ
Почеток: 16ти декември
Времетраење: 5 дена
Цена: 4800 денари
Ниво: Почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Продажните вештини се квалитети на кои се потпираат продавачите за да им помогнат на потрошувачите да ги завршат купувањата и да ги решат проблемите кои ги поседуваат. Компетентните продавачи признаваат дека за воспоставување одлично искуство со купувачот, освен задоволството на потрошувачот, потребни се и многу интерперсонални вештини.
Клиентите сакаат квалитетна интеракција и пријатно искуство при купувањето. Искусните продавачи ја обезбедуваат оваа услуга со комбинирање на тактики и знаење за да се идентификуваат и да се поврзат со барањата на клиентите. Позитивното искуство при купување ја промовира лојалноста на клиентите, а со тоа и ја зголемува можноста да им препорачаат нови клиенти и помага во исполнувањето на целите за продажба.
Искусните продавачи имаат компетитивен и позитивен начин на размислување. Одредени вештини им овозможуваат на продавачите да ги забележат можностите, да се поврзат со клиентите, да ги убедат да дејствуваат и да склучат договор.
Ако влегувате во индустријата или ја менувате кариерата, од клучно значење е да ги сфатите атрибутите потребни за подобрување на вашите продажни вештини. Дознајте што и кои се вештините за продажба, како да ги подобрите, и да ги вклучите во вашата секојдневна работа.
Овој тренинг има за цел да им овозможи на сите учесници да ги научат основите на продажбата. За време на предавањата, учесниците ќе научат како да се подготват пред процесот, како да ги водат клиентите за време на продажбата и како да го завршат истиот. Ќе ви бидат презентирани секојдневни ситуации и примери во кој ќе се објаснат потенцијалните препреки како и најдобрите начини како да се надминат истите.
Запознај го инструкторот:
Игор Чучков - Sales Trainer
Интернационален sales тренер, инструктор и ментор за sales closers, автор на "GET'EM AT HELLO" - the Ultimate guide for selling via call center. Игор е World Bank country officer како и EBRD & IPARD програм консултант. Со повеќе од 15 години искуство во интернационална продажба и менаџмент, Игор лично има тренирано и обучено над 2000 sales closers за преку 50 интернационални компании лоцирани во над 20 држави низ светот (САД, Индиа, Филипини, Хонгконг, Сингапур, Малта, Холандија, Шведска, Израел, ОАЕ - Дубаи, Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и други).
SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Што имаме постигнато
Што велат нашите учесници
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Која е предноста на поседување ефикасни продажни вештини?
За кој е наменет овој курс
Секој кој сака да започне кариера во индустрија каде што овие вештини се важни
Секој кој сака да го подобри и усоврши постојното знаење во оваа област
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
16.12.2022
Времетраење:
5 дена
Распоред:
од 18:30 до 20:00 часот
Цена:
4800 денари