Академија за програмирање со Python & Django

Почеток: Февруари 2024

Времетраење: 3 месеци

Super Early Bird: 490 ЕУР со пријавување до 25-ти јануари

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 600 ЕУР

Електронски сертификат за стекнати вештини за Python

Настава: Онлајн (Zoom)

Стани Python developer

Ние ќе ти помогнеме преку нашата повеќемесечна програма за совладување на целиот материјал потребен да се стекнеш со знаење од најбараниот програмски јазик денес Python и еден од најпрактичните frameworks Django

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Python

Python е програмски јазик кој е лесен за учење и има широк спектар на добро платени работни места во многу области. Во текот на последните неколку години, Python стана еден од најпопуларните програмски јазици. Побарувачката за Python програмери на пазарот на трудот се зголемува и затоа веруваме дека е вештина што може да ви помогне да влезете во некои од највозбудливите и најатрактивни индустрии, како што се наука за податоци, веб апликации, автоматизација и други. 

Што е Django

Django е веб-рамка (framework)на Python која поттикнува брз развој и чист, прагматичен дизајн. Изграден од искусни програмери, тој се грижи за голем дел од проблемите при веб-развојот, за да можете да се фокусирате на пишување на вашата апликација без потреба повторно да го измислите тркалото. Бесплатен е и со отворен код.

Зошто да учите и работите со Python

Python е многу соодветен за почетници

Python како програмски јазик е одличен начин да започнете ако сте нови во светот на програмирањето. Самата синтакса (изглед на кодот) е дизајнирана да изгледа концизно и лесно за читање, што го прави многу попристапен за почетници. Дополнително, Python е интерпретиран програмски јазик, што значи може да се провери секоја линија код штом се напише, со цел да се намалат грешките.

Python е најбрзо-растечкиот програмски јазик

Според индексот за најпопуларен програмски јазик (PYPL), Python е најупотребуваниот програмски јазик денес, а со оглед на трендот, потребата од овој јазик само ќе продолжи да расте. Тоа се должи на разновидноста како и употребливоста во многу сфери и индустрии како Data Science, Machine Learning и Data Modeling.

Позициите за Python Developer се многу барани и високо платени

Денес Python го користат некои од најголемите компании на светот како што се: Google, Facebook, Reddit, Dropbox, YouTube, Instagram, Pinterest. Google дури има и сопствен Python прирачник. Python програмери со искуство се доста високи и привлечни, но исто така според StackOverflow Python програмерите може да заработуваат повеќе од другите програмски јазици со помалце искуство.

На кои позиции може да работиш како Python програмер

Web Developer

Data Analyst

Data Scientist

Python App Developer

Запознај го инструкторот

Ненад е програмер со долгогодишно искуство. Има огромно познавање од Python и Javascript, најмодерните технологии за Web Development како Django, Flask, React, Cloud платформи како AWS и Google Cloud Platform, SQL i No-SQL бази на податоци. За себе вели дека е амбициозен, авантурист, зависник од адреналин и доживотен ученик.

Ненад Ристов

Python Developer & Data Engineer

    Ненад ќе се погрижи да го совладате програмскиот јазик Python од самиот старт, па се до самостојно работење и извршување комплексни задачи. 

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
инструктори во тимот
0

Што велат нашите учесници

Што по завршување на академијата во SMX

Електронски сертификат за успешно завршена академија

Видеа и задачи од сите предавања

Додавање во платформата на SMX

За кого е наменета оваа Академија

Секој што сака да навлезе во светот на програмирањето

Секој што сака да се занимава со развој на веб, машинско учење и анализа на податоци

Секој кој сака да ги подобри своите вештини и да научи нов програмски јазик

Зошто академија за Python & Django во SMX?

Искуството што го стекнавме со организирање на над 280 курсеви и обуки, со над 3000 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.

Нашиот тим подолго време е во процесот на подготвување на најпрвин кратки курсеви во областа на програмирање со Python. Сега преминавме кон изготвување комплетно решение за сите кои сакаат да направат сериозна надградба на нивната кариера.

Ѓорги Митев

Координатор на програмата

Преку нашата академија за Python & Django, ќе имаш можност да работиш со инструктор кои е максимално посветен да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на Python.

Програмата што ја нудиме е интензивна, и соодветна да ти помогне да се здобиеш со вештини кои ќе ти отворат можности во ИТ индустријата.

Што ќе научиш во академијата

Основни и напредни техники на програмирање со Python

Манипулирање со податоци и оперативни системи

Како се користи Python за развивање на веб-страни и апликации

Како се користи Python со Django за развивање на веб-страни и апликации

Пријавување

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток:

февруари 2024

Времетраење:

3 месеци

Распоред:

два пати неделно, вторник и четврток 18.30 до 20.30

Цена:

490 ЕУР со пријавување до 25-ти јануари

– Пресметки, форматирање, User Input
– Lists
– Тuples
– Sets
– Functions/ Exceptions
– Object-oriented programming
– Database (Sqlite)
– Date & time
– Што е веб, историја, како работи
– Веб страна vs web app
– Технологии
– Што е веб сервис / web API
– Django
– Архитектура- MVT / MVC
– Бази на податоци
– Django Models
– Querying models
– Django Admin Panel
– Admin Actions
– URLs
– Views / Controllers
– Sending Request
– Sending and returning data
– HTTP Codes, HTTP requests
– Serializers
– Background tasks
– Работа на реални проекти
– Вовед во Amazon Web Services
– Бази во AWS
– Објавување на Django проект на AWS