Топ 5 Професии за кои можеби не сте слушнале а се едни од најплатените
- декември 29, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање Salesforce
Дали си во потрага по професија во IT индустријата? Со напредокот на технологијата се појавија многу нови работни позиции а со тоа и поголем кариерен избор за секого. Но, за да донесеме една важна одлука каква што е “која професија е најсоодветна за мене” потребно е да го запознаеме пазарот на труд. Што се нуди? Што е актуелно? Кои вештини и познавања ни се потребни? Која професија е исплатлива и дали вреди да се вложи време во истата?
Во денешниот блог пост издвоивме неколку популарни IT професии за кои во моментов има голема побарувачка, па доколку се размислуваш за кариера во IT индустријата, можеби ќе се пронајдеш во една од нив.
1. Salesforce Admin
Salesforce admin или администратор во Salesforce е лицето одговорно за управување со податоците од клиентите/потрошувачите, односно како еден data analyst само во оваа ситуација, употребувајќи ја Salesforce платформата. Истовремено, како Salesforce admin наша должност е и креирање извештаи и контролни табели и обезбедување интегритет на податоците.
Што е Salesforce?
Salesforce е платформа за менаџирање на односите со клиентите (CRM) базирана на облак која им помага на организациите да управуваат со нивните интеракциите и податоците на клиентите.
Со познавањето на Salesforce, можеме да работиме на следниве работни позиции:
- Salesforce Administrator
- CRM developer
- Data Administrator
- Sales Manager
- Operations Manager
Просечната плата во Европа на едно лице вработено како Salesforce Admin изнесува од 2500 – 3500 евра месечно.
2. Full-stack WordPress Developer
Кога зборуваме за Full-stack WordPress Developer, не се мисли на лице задолжено да изгради една веб страна употребувајќи готови темплејти и модерирање на истите, туку креирање на веб сајт со помош на програмските јазици кои се употребуваат во WordPress.
PHP – Програмскиот јазик на WordPress, кој се користи за пишување на целата WordPress платформа.
SQL – Стандарден јазик за пребарување: користејќи SQL, ќе извршувате прашања во базата на податоци, ќе ги враќате податоците од табелите, ќе вметнувате нови записи и ќе ги ажурирате постојните.
HTML – Градење на структурата на страницата: WordPress користи HTML за да ја изгради структурата на своите страници, објави и шаблони.
CSS – Дизајнирање на вашата страница: WordPress во голема мера се потпира на CSS. Речиси секој HTML елемент има специфични CSS правила кои го дефинираат визуелниот изглед и форматирањето на овој елемент.
JavaScript – WordPress користи JavaScript за да додаде динамично однесување на страниците и објавите, во основа за да вклучи интерактивни функции како што се лизгачи и тајмери.
JQuery – пишување помалку JavaScript: jQuery е библиотека JavaScript богата со функции. Тоа го прави многу поедноставно преминувањето и манипулацијата со HTML документи со API-и кои работат низ прелистувачите.
Со самото познавање на сите овие програмски јазици, нашата работна позиција е повеќе ценета, а ќе можеме да работиме како:
- WordPress Developer
- PHP/WordPress Developer
- Frontend Developer
- Web Developer
Просечната плата во Европа изнесува:
- Junior 700 – 1500 eвра
- Intermediate 1500 – 2500 eвра
- Senior 2500+ eвра
3. DevOps Engineer
DevOps Engineer е лицето кое работи на развој на една апликација или систем (градење и одржување на инфраструктурата која стои позади една апликација). DevOps инженерите имаат огромна улога во развојот на еден софтвер а со тоа е потребно и добро да ги разбираат компјутерските системи и операции.
Поради неопходното големо знаење кое се бара за оваа работна позиција, истата е и многу добро платена, односно во просек месечните надоместоци се движат од 2000 eвра – 4000 евра, а во поголемите гигантски компании платата може да изнесува и до 85 000 евра годишно.
4. Net Engineer
Најпрвин да разгледаме накратко што е .NET?
Се работи за софтверска рамка (framework) развиена од Microsoft која обезбедува сеопфатен сет на алатки за изградба на широк опсег на апликации, вклучувајќи веб, мобилни и десктоп апликации. .NET инженерот е развивач на софтвер кој е специјализиран за градење апликации користејќи ја рамката (framework) .NET.
Покрај техничките вештини, инженерите на .NET треба да имаат и добри вештини за решавање проблеми и комуникација, бидејќи тие често тесно соработуваат со други програмери и засегнати страни за да ги разберат барањата и да испорачаат решенија кои ги задоволуваат потребите на еден бизнис.
Во Европа, еден .Net engineer во просек е платен околу 4000 евра на месечно ниво.
5. Python Developer
Python Developer е лицето задолжено на развивање на софтвер кој е специјализиран за градење апликации користејќи го програмскиот јазик Python. Python е популарен и разноврсен програмски јазик кој е широко користен во различни индустрии, вклучувајќи ги финансиите, здравството и технологијата.
Доколку сте почетник во IT светот, односно имате желба да работите со програмирање, учењето на овој програмски јазик е одличен почеток!
Со познавање на овој програмски јазик ќе можете да работите на една од следниве работни позиции:
- Full Stack Python Developer
- WEB Application Developer
- Web Developer
Просечна плата на еден Python Developer во Европа изнесува:
- Junior 700 – 1500 e
- Intermediate 1500 – 2500 e
- Senior 2500+ e
Која од овие работни позиции сметаш дека е идеалната за тебе? Имаш потешкотии во одлуката? Ние сме тука да ти помогнеме! Контактирај не и заедно ќе спореведеме еден краток тест кој ќе ти покаже која кариерна насока е најсоодветна за тебе!