Комплетен курс за Excel

Почеток: 20-ти Ноември (среда)

Времетраење: 5 предавања | 120 минути

Распоред: понеделник, среда и петок (18.30-20.30)

Цена: 5.000 денари

Настава: Онлајн (Zoom)

Капацитет во група: 14 учесници

Пополни ја кратката форма за да добиеш информации за плаќање преку банка
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Viber за да зборуваш со SMX координатор

Искуство на претходни СТУДЕНТИ

Моника Митрева
Read More
Благодарност голема до тимот на SMX за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!
Дијана Ивановска
Read More
Навистина сум презадоволна од начинот на кој се вршат предавањата и знаењето кое ни се пренесува бидејќи Excel е навистина важна алатка која станува наше секојдневие.
Љубица Василева
Read More
Благодарност до вас, посебно до инструкторката Ана. Имам само пофални зборови за неа. Задоволна сум од изборот на материјалот што се сработи за овие 5 дена. Предавањето беше разбирливо,имавме доволно вежби кои Ана добро и трпеливо ни ги објасни, не следеше и ни помагаше во текот на решавањето. Се здобив со позитивно искуство кое ги надмина очекувањата.
Тина Тасева
Read More
Курсот за ексел помина одлично,инструкторката беше одлична во предавањата, имавме многу вежби со нејзина помош и самостојно се со цел да научиме . Јас лично научив тоа што ми е потребно за да си ја олеснам работата како Accounting&Reporting Manager во компанијата во која работам.
Ангела Павлоска
Read More
Курсот за Ексел за мене беше едно прекрасно искуство. Најмногу ми се допаѓа тоа што ги добиваме видеата од часот, вежби и дополнителен материјал кој ни го олеснува процесот на учење, а исто така во секое време можеме да се навратиме на нешто што не сме запомниле или сме го заборавиле.
Previous
Next

Што ќе научиш

Основните елементи на работниот лист

Како самостојно да внетнуваш слики, и други објекти

Како да користиш формули и основни фунцкии

Дефинирање и креирање сложени формули

Како да сортираш и филтрираш податоци

Кои се опциите на условно форматирање

Употреба на What-if Analysis

Функции (Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp)

Графикони и Pivot табели

Pivot анализи

Програма

Прво предавање

  • Основни елементи во работниот лист
  • Креирање и уредување на табели во Microsoft Excel
  • Додавање и бришење на редови и колони
  • Форматирање на ќелии
  • Употреба на референци на ќелии

Второ предавање

  • Користење на формули и основни функции
  • Креирање и модифицирање на графикони
  • Вметнување на слики, дијаграми и други објекти во excel документ
  • Сортирање на податоци
  • Филтрирање на податоци


Трето предавање

  • Дефинирање сложени формули, креирање сложени формули
  • Што е тоа Апсолутна референца?
  • Други функции (Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp)

Четврто предавање

  • Условно форматирање “Conditional Formatting”
  • Опции за условно форматирање
  • Доделување на условно форматирање (Conditional Formatting)

Пето Предавање

  • Употреба на “What-If Analysis”
  • What-if Analysis –Пример
  • Pivot табели
  • Pivot анализи

Добредојде на Комплетниот курс за Excel, кој во SMX Academy се организира веќе 4 години, со над 500 студенти кои го посетувале и го надградиле своето знаење. Овој курс ќе ти помогне како да ги совладаш основните концепти во Excel како, креирање и уредување табели, основни формули и пресметки. Меѓутоа, ќе опфатиме и напредни концепти како What-If анализи, напредни функции и Pivot табели. Поставивме кратко видео од предавањата со цел да се запознаеш со начинот на работа и какви вежби имаме вметнато во самиот курс.

Sneak Peek од предавањата

Запознај ја инструкторката

Ана Јованоска

Human Resources Development Specialist | Trainer

Ана Јованоска

Ана Јовановска е мастер на бизнис администрација, а пред сè личност која поседува огромна страст кон сите работи кои вклучуваат калкулација и организација. Од таму произлегува и инспирацијата за креирање бизнис тренинг за Excel. Со креативен, а сепак професионален пристап, Ана е подготвена целосно да го трансформира начинот на кој Вашата компанија користи Microsoft Excel и со тоа значајно да ја зголеми ефективноста.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 20-ти Ноември (среда)

Времетрање: 5 предавања по 120 минути;

Распоред: понеделник, среда и петок (18.30-20.30)

Цена: 5.000 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.