ТОП 3 Freelance платформи во 2023
- јануари 26, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Freelancing
Работиш како Freelancer?
Денес на глобално ниво има 1,57 милијарди фриленсери од вкупната работна сила (3,38 милијарди луѓе) – ова значи само едно нешто: работата како фриленсер има бенефити!
- Флексибилно работно време и работно место
- Плата која најчесто ти ја одредуваш
- Разновидни проекти (клиенти од различни индустрии и региони)
Во Македонија бројот на луѓе кои работат како фриленсери секојдневно се зголемува, а за таа цел во денешниот блог пост издвоивме 3 корисни Freelnace платформи каде можете да побарате нов проект/работа.
Fiverr
Fiverr e платформа со повеќе од 3 милиони фриленсери кои нудат услуги во повеќе од 300 категории меѓу кои: HR Consulting, Digital Marketing, Web Development, CRM Management, Video Editing, итн.
Позитивни страни: бесплатна регистрација за секој корисник (фриленсер), работа на различни проекти, поставување на цена на услуга од страна на фриленсерот
Негативни страни: долг процес на исплата, платформата зема 20% на секоја уплата направена за фиксни проекти
Upwork
Upwork е меѓу првите платформи за фриленс работа, и поради тоа брои повеќе од 12 милиони корисници (фриленсери). На Upwork може да работи речиси секој бидејќи платформата овозможува работни можности за над 10 000 вештини во различни категории.
Некои од индустриите во кои работодавачите на Upwork бараат фриленсери се: digital marketing, web development, sales, customer management, content writing, design, итн.
Позитивни страни: заштита при исплатата, веродостојни клиенти, проекти засновани на претходно поставен буџет
Негативни страни: долг процес на селекција на кандидат за проект од страна на работодавачот
Freelancer.com
Freelancer.com е уште една freelance платформа каде професионалци и компании од целиот свет соработуваат на различни проекти. За да бидете дел од оваа платформа како фриленсер, треба да се регистрирате со ваш профил каде препорачливо е да пополните повеќе информации за вашете професионално портфолио како би имале поголеми можности подоцна да бидете избрани од работодавач за одреден проект. Интересно за оваа платформа е тоа што покрај проектите, има и многу натпревари на пример за визуелна или дизајнерска работа. Како фирленсер тука можеш да имаш корист заработувајќи пари заедно со прегледите на твојот профил.
Оваа патформа брои повеќе од 900 категории каде можете да понудите ваши услуги меѓу кои се: Translation, Web Development, Social Media Marketing, итн.
Позитивни страни: live chat, 24/7 поддршка за корисници
Негативни страни: сложен интерфејс, лажни клиенти, платформата зема 10% од вашата вкупна заработка за натпревари и фиксни проекти