Q&A со Глигор Ризов и Ѓорги Митев, организатори на Академијата за WordPress во SMX
- февруари 1, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: WordPress Academy Академии
Дали знаеше дека WordPress Developer во моментов е една од најбараните и најплатените IT професии во светот?
Што работи еден Fullstack WordPress Developer?
Преку користење на технологиите како HTML/CSS/SASS, JavaScript, PHP, WordPress програмерот гради специјализирани страни за клиентите кои потоа може да ги користат на повеќе начини.
Денес, поради големата употреба на WordPress, потребата од професионалци кои ќе знаат да работат со оваа платформа многу повеќе од само инсталирање на готови темплејти и plugins, се зголемува рапидно, а токму тоа е и главната причина зошто компанијата SmartClick која меѓу другото е специјализирана за Web Development услуги на клиенти се обрати до нашиот тим за организирање на Академија за WordPress Development, каде најдобриот учесник ќе биде вработен во компанијата.
Со цел подобро да ја разберете нашата цел зошто ние во SMX се одлучивме за овој тип на Академија, и многу други прашања за кои можеби ви требаат одговори, разговаравме со Глигор Ризов и Ѓорги Митев, организатори на Академијата за WordPress во SMX.
1. По што се разликува оваа Академија од курс за WordPress на платформа како Udemy?
Кратките курсеви кои се нудат на Udemy, како и краткиот курс за WordPress кој се нуди во SMX ќе ви помогнат да ги научите основите на WordPress, како изгледа Dashboard-от на платформата, како да објавувате текстови, слики и слично, преку изработка на веб страната со користење готови алатки и темплејти.
Академијата за Fullstack WordPress во SMX е фокусирана на изучување програмски јазици и технологии кои се потребни за комплетно да изградите WordPress страна која ќе биде подобра, побрза, ќе рангира подобро на Google и ќе има подобри функционалности за мобилен телефон. Ваквиот тип на веб страна се многу подобро платени и токму затоа професијата како Fullstack WordPress Developer е доста привлечна.
Освен тоа ќе имате целосна подршка од инструкотрот во текот на целата акдемија за секое ваше прашање, и на крај ќе имате можност да се вработите во компанија која е во подем како што е SmartClick.
2. Што вклучува програмата?
Во програмата најпрво ќе учиме за HTML,CSS и SASS, каде после тоа ќе проследува основен JavaScript и PHP, и на крајот ќе работиме со WordPress каде ќе изградиме неколку реални проекти. SMX е единствениот едукативен центар кој има можст да ги користи бенефитите од платформата GitHub како pro лиценци, преку која можеме многу полесно и подобро да ги спроведуваме сите задачи и проекти, а освен тоа сите учесници ќе го зголемуваат своето портфолио на платформата.
3. Кој може да учествува на Академијата?
Академијата е организирана на таков начин, што дозволува и некој кој воопшто се нема сретнато со програмирање да се стекне со солидно знаење.
4. Како ќе се одвива наставата и колку време ќе трае?
Наставата ќе се одвива три пати неделно, каде предавањата може да се следат онлајн и ќе трае 6 месеци. Предавањата се одвиваат преку Zoom платформата, при што секое предавање е интерактивно, со решавање задачи и проблеми, а дополнително сите учесници добиваат домашни задачи за кои инструкторите може да им помогнат доколку има потреба.
5. Која е главната цел која сакате да ја постигнете со оваа Академија?
WordPress како најголема платформа за веб страни во светот продолжува да доминира на пазарот, а токму затоа и побарувачката на професионалци продолжува да се зголемува. Со нашата академија сакаме да помогнеме на сите потенцијални програмери да се вклучат во една од најголемите и најактивни заедници на програмери во Македонија, како и да добијат добри можности за работа и напредување.
6. Кои се критериумите според кој ќе се избере најдобар учесник кој ќе биде вработен во SmartClick?
Тимот на SmartClick внимателно ќе го следи напредокот на сите учесници во академијата. Ќе се следи присуството, активноста на предавањата, извршувањето на задачите и демонстрирањето на посветеност и вештини за решавање проблеми.
7. Зошто ваква соработка со SmartClick?
Нашата соработка со SmartClick трае веќе повеќе од 4 години, имаме заеднички почетоци и постојано си помагаме со нашите активности. Знаејќи дека SmartClick е докажана компанија која работи со голем број интернационални клиенти за кои начинот на изработка на WordPress страни е исклучително професионален, се одлучивме да здружиме сили и да понудиме и организираме квалитетна програма која ќе им овозможи на учесниците да научат многу, а притоа и да добијат шанса за вработување во SmartClick.