Q&A со Teодора Живковиќ и Теа Јанева, инструкторки на Академијата за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
- март 2, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis Инструктори
Сакаш да започнеш кариера како Data Analyst?
Во SMX организираме Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI по Super Early Bird цена од 500 евра (за уплата на прва рата во јуни 2023), каде во текот на 4 месеци заедно со искусни инструкторки ќе учиш за SQL, Data Analysis; Основи на Python, и Power BI.
Академијата успешно ја организираме по втор пат, а во прилог можеш да дознаеш повеќе за искуството на Емилија Митревска која беше дел од претходната генерација.
Денес овој блог пост го пишуваме со цел да се запознаеш повеќе со најзаслужните за успешноста на оваа Академија, инструкторките Теа & Теа!
Накратко, која е Теодора Живковиќ, а која е Теа Јанева?
Теа Јанева
Теа е дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство и моментално работи како дата аналитичар. Како амбициозна личност секојдневно учи и постојано се наградува себеси во сите области од интерес, особено во областа на data science. Обожава да гледа филмови, серии и фудбал, има авантуристички дух и обожава да патува.
Teодора Живковиќ
Дипломиран економист од областа на финансии кој моментално работи како дата аналитичар во компанија од телко индустрија во тимот на бизнис интелигенција и бази на податоци. Личност која од секогаш ја интересирале како работите функционираат, па оттука и интересот за податоците и нивната наука. Кога има време, го посветува на цртање, патувања и учење на нешто ново!
Какво е вашето досегашно искуство со SMX?
Теа Јанева
Дел од тимот на SMX сум од минатата година. До сега успешно ја завршив претходната академија за Дата Анализа каде што го предавав делот за обработка на податоци со Пајтон.
Teодора Живковиќ
Може да се каже успешно. Со SMX се дружиме скоро 1 година, каде заедно одржавме неколку кратки курсеви за вовед на анализа на податоци со Power BI, а зад себе оставивме и една успешно спроведена академија.
Зошто Академија за Data Analysis?
Тeа Јанева
Дата анализа е еден од најбитните делови во секој бизнис. Самата работа со податоци, нивната обработка и анализирање ја создаваат една од најзабавните гранки во ИТ светот. Академија за Дата анализа е одличен почеток за да се навлезе во ИТ светот бидејќи методите кои што се користат се јасни, конктретни и релативно едноставни.
Teодора Живковиќ
А зошто да не 🙂 Денес податоците се дел од нашето секојдневие, а особено дел од работењето на секој бизнис. Па зошто да не одговориме на многуте прашања кои ги имаме поврзано со истите. Работењето со податоците секогаш вреди, зошто секојпат решавате некаков проблем, откривате нови сознанија и факти, а задоволството од таа работа е огромно.
Дали е лесно да се најде работа како Data Analyst? Кои се вештините со кои секој студент ќе се стекне за време на оваа Академија?
Теа Јанева
Анализа на податоци е дел што го има во секој бизнис, па пронаоѓањето на работа не е тешка задача.
Оваа академија најпрво ќе ви даде основа и ќе ве научи како да читате и гледате било кои податоци на многу поинаков, попрофесионален начин со цел да увидите што би можеле да научите од нив и каков заклучок би извадиле. Ќе стекнете знаење да работите со структурирани бази, основни функционалности кои ни ги нуди програмскиот јазик Пајтон и потоа ќе научите како податоците да ги анализирате на повеќе начини со користење на Пајтон.
Teодора Живковиќ
Секој аналитичар на податоци има свои способности и вештини што го прават единствен, и секоја компанија има свои уникатни податоци за кои е потребно да се искористат со цел да се добие додадена вредност од истите. Како што спомена Теа, анализата на податоците е присутна во секој бизнис така што пронаоѓањето на работа не е тешко, па потребно е само компатибилност од двете страни.
Оваа академија ќе ве научи да поставувате точни прашања со цел добивање на правилни одговори. Учесниците ќе се запознаат со ETL (extract, transform and load) процесот и моќта и значењето на визуелизацијата на податоците. Ќе им помогне на учесниците да се стекнат со нови вештини за анализа на податоците, чие користење во голема мера ќе им овозможи да си ја олеснат сопствената работа и да придонесат во квалитетна анализа.
Што ќе се учи за време на Академијата?
Теа Јанева
- Вовед во програмирање со Python
- Што се податоци, типови на податоци
- Структури за избор од 2 или повеќе можности
- Структури за повторување
- Вовед во основните Python библиотеки за анализа на податоциa
a. Numpy
b. Pandas
i. Основни функционалности
ii. Дескриптивна статистика
iii. Чистење на податоци - Визуелизација на податоци
Teодора Живковиќ
За време на академијата, заедно со мене ќе го покриеме делот на анализа на податоци користејќи ја Power BI Desktop алатката. Содржината главно се состои од три дела наведени подолу, од самата подготовка на сирови податоци, преку нивна обработка и моделирање се до финална анализа и визуелизирање на крајните резултати.
- Подготовка на податоците
a. користење на различни извори на податоци
b. чистење, трансформација и вчитување на податоците - Моделирање
a. дизајнирање на дата модел
b. калкулации користејќи ги DAX (data analysis expressions) - Анализа на податоци и визуелизација
a. создавање на извештаи
b. подобрување на извештаите
c. deep dive into data
За кого е наменета оваа Академија?
Теа Јанева
Оваа академија е наменета за сите оние кои што обожаваат работа со податоци, поточно играње со нив. Доколку сакате промена на кариера, влегување во ИТ светот или само сакате да го надоградите вашето знаење, без разлика дали имате претходно знаење од оваа област, оваа академија е наменета токму за вас.
Teодора Живковиќ
На Академијата може да се пријави секој оној кој што е мотивиран да изучува нешто ново, кој што сака да се издвои од останатите со своето знаење, како и секој кој сака да придонесе во својата компанија во носење на бизнис одлуките преку анализа на податоците.
Што би им препорачале на идните студенти?
Теа Јанева
Академијата за дата анализа ќе ве внесе во светот на податоците. Секогаш почетокот е тежок, особено кога се учат целосно нови технологии, меѓутоа со упорност, трпеливост, желба и со наша помош може да направиме огромни успеси и заедно да ја оствариме целта на самата академија.
Teодора Живковиќ
Доследноста е клучна за да бидете успешни во учењето, особено со нови технологии со кои сте немале никаква допирна точка. Добар план за секојдневно посветување на темата, со тек на време станува рутина која ќе ја исполнувате со леснотија. Секогаш поставувајте прашања бидејќи ништо не губите а можете многу да добиете, како и континуирано вложувајте во своето знаење бидејќи тоа е нешто што никој не може да ви го одземе.