Q&A со Анета Арсовска, инструкторка на курсот за IT Recruitment
- април 26, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Со напредокот на технологијата, IT професиите во моментов се едни од најдостапните и најбараните на пазарот. Поради ова компаниите имаат се поголема потреба од IT професионалци, а во тој процес има голема улога IT регрутерот.
Што е IT регрутирање (IT Recrutiment)?
ИТ регрутирање e процес на идентификување, привлекување и ангажирање квалификувани кандидати за IT работни позиции во една организација.
Поради се поголемата побарувачка од IT регрутери на пазарот, во SMX организиравме курс за IT Recrutiment со помош на Анета која е IT Recrutier со долгогодишно работно искуство. Денес таа ќе ви даде одговори на сите прашања поврзани со курсот…
1. Што ќе се учи за време на курсот?
За време на курсот ќе се изучуваат доста интересни работи како на пример: комуникација, собирање информации и склопување на еден опис на работна позиција и нејзино објавување на социјални медиуми, користење на алатката LinkedIn, читање и селекција на CV-ња, спремање и правење на интервјуа, спроведување навремен фидбек за кандидатите, изработување и испраќање на понуда за работна позиција, онбоардинг на еден кандидат, спроведување на позитивно искуство на сите канидати додека се или не се во процес на интервјуа во една компанија, свесност за еден бренд.
2. Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
Наставата ќе се одвива online преку материјал спремен во презентации и во текот на наставата ќе имаме доста интересни дискусии, прашања и домашни задачи се со цел студентите да го совладаат материјалот, но и да се забавуваат додека учат.
3. Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за IT Recruitment во SMX?
Запознавање и константна комуникација со многу луѓе, се разменуваат искуства, идеи, и како регрутери може да имате позитивно влијание врз животот на луѓето што е одлично наградувачко чувство. Секако, во текот на работата се учат многу новини и се стекнуваат вештини. Иновативноста и креативноста се секако секојдневие.
4. Твоја препорака до сите идни IT регрутери?
Да се биде отворен и креативен кон нови идеи и да се градат убави конекции со сите пасивни или активни кандидати на пазарот. Од особено значење би издвоила давање на навремен фидбек на сите кандидати кои се/биле во процес независно од крајниот резултат. Регрутерите треба да бидат во тек со сите новитети за да можат предизвиците да ги претворат во можности, а неуспесите во примери што треба да ги избегнуваат.