Q&A со Димитар Врцковски (loyal student – учесник на 6 курсеви во SMX)
- мај 9, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Лојални учесници како Димитар Врцковски кој до сега има посетено 6 курсеви во SMX е најубавта мотивација што можеме да ја добиеме. Денес преку разговор со Димитар дознаваме зошто токму едукација во SMX?
1. Накратко запознај не со тебе. Која е твојата професија?
Моментално работам како Комерцијалист за југозападна Македонија на реон Прилеп,Битола,Охрид,Струга,Кавадарци,Неготино,Д.Капија и рурлни области. Во FMCG сегмент.
2. До сега имаш посетувано неколку курсеви во SMX меѓу кои се (Курс за дизајн во Adobe Illustrator, Курс за Facebook & Instagram Marketing, Курс за Power BI, Курс за PR, Курс за Content Writing и Курс за Excel Advanced. Кој курс би го издвоил и зошто?
Од сите курсеви првиот ми остави најголем впечаток,тоа беше курсот за (Facebook & Instagram Marketing) и истиот беше мотив да продолжам да ги пратам преостанатите курсеви од Вашата академија. Зошто? Заради јасноста на предавањата и примерите кои беа прикажани, методите на предавања и спонтаноста. Несебичноста на менторот и енергијата која ја вложи да не запознае со материјалот.
3. Како би го опишал твоето досегашно искуство со SMX?
Одлично и премногу задаволен од начинот на функционирање на тимот. Планирам да посетувам уште курсеви, за кои ќе почуствувам потреба од истите.
4. Дали некој од курсевите ти помогна во секојдневната работа?
Моментално мојата работа има тесна врска со дел од нив, практично не ги користам. Но ми помага во препознавање и во откривање полесно да ги препознаам оние кои професионално се заниваат со on-line продажба и маркетинг, наспроти аматери. Што во денешно време многу значи во тоа каде ќе ги насочите вашето време и ресурси.
5. Што би им препорачал на идните студенти во SMX?
Би им препорачал воопшто да не се двоумат да вложуваат во своето знање и подобрување на своите вештини. Тоа е единствен капитал и влог на кој не му паѓа цената,не губи од вредност, останува секогаш за вас и нема кој да ви го одземе.