Q&A со Ива Зафировска (loyal student – учесник на 8 курсеви во SMX)
- мај 30, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Uncategorized Успешни приказни
Со сите дигиталните иновации во денешницата, онлајн учењето се појави како моќна платформа за стекнување и размена на знаење. Како едукативен центар, сведочењето за растот и успехот на нашите студенти е наша секојдневна глетка и огромен мотив!
Денес, ни претставува задоволство да споделиме искуство на уште еден лојален студент во SMX, чија решителност, посветеност и страст за учење и овозможија преку 8 посетени курсеви да се стекне со сеопфатно знаење кое денес го применува и во пракса…
Запознајте ја Ива!
1. Накратко запознај не со тебе. Која е твојата професија?
Мојата работа е во сектор ПР (односи со јавноста) во Општина Карпош, опфаќа администрирање на веб сајтот, комуникација со медиуми, администирање и дигитални решенија за социјални мрежи, изработувам секојдневни потребни анализи за подобрување на корисничкото искуство и комуникациски услуги, затоа сме и најтранспарентна општина во државава.
2. До сега имаш посетувано неколку курсеви во SMX меѓу кои се (Курс за Content Writing, Курс за Facebook Ads, Курс за Python Basics, Курс за SEO, Курс за UX/UI, Курс за WooCommerce, Курс за JavaScript, Курс за IT Recruitment). Кој курс би го издвоилa и зошто?
Ќе ги издвојам двата курсеви за Facebook Ads и курсот за SEO, бидејќи многу ми помогнаа во мојата работа, во детални анализи и статистики и комуникација со граѓани кои пријавуваат секојдневни проблеми и нивни решавање.
3. Како би го опишала твоето досегашно искуство со SMX?
Премногу сум задоволна од SMX од Вашите предавачи и од самите предавања, кои се јасни, концизни, со многу вежби, можеме да ги прашаме предавачите во било кое време кои без проблеми ни објаснуваат.
4. Што би им препорачала на идните студенти во SMX?
Ви ги препорачувам курсевите на SMX од каде можете многу да научите, и да го користитите стекнатото знаење во вашата секојдневна професија, но и да научите нешто ново кое е надвор од вашата тема која сте ја студирале.