Student Experience (Академија за Data Analysis) – Лидиа Бошковски
- јуни 14, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Analysis Успешни приказни
Првиот чекор за започнување кариера како Data Analyst е одбирање на квалитетна едукација…а со помош на нашите две искусни менторки на Академијата за Data Analysis со Python, SQL & Power BI, студентите како дел од оваа Академија се стекнуваат со квалитетно знаење но и искуство вредно за паметење!
Токму денес Лидиа преку разговор сведочи за своето искуство за време на Академијата во SMX…
1. Накратко запознај не со тебе?
Здраво, јас сум Лидиа од Скопје. Професионално повеќе од шест години работам во областа на сметководство и финансии. Низ животот се водам според неколку важни максими, една од нив е дека човек учи додека е жив, и затоа верувам дека треба постојано да ги унапредуваме сопственото знаење и вештини. Младите треба да бидат доволно дисциплинирани и свесни за своите опции, и да дозволат позитивните ефекти и промени во технологијата да ги водат и инспирираат за промена, промена која им донесе унапредување и исполнетост.
2. Зошто се одлучи да посветиш време и енергија на учење нова вештина како анализа на податоци?
Сметам дека најдобрата инвестиција е во образованието и квалификациите. Оваа инвестиција не губи вредност, со текот на времето може да ми донесе повеќе бенефиции, затоа се одлучив да посветам вереме и енергија за учење на новата вештина – анализа со податоци. Јас избрав анализа на податоци бидејќи во финансиите и сметководството се сумираат и анализираат финансиски податоци , поради што мојата аналитичка способност веќе беше доста развиена, но со оваа Академија научив многу за мене нови, ефикасни и ефекивни начини на анализа на податоци.
3. Зошто Академија за Data Analysis во SMX? Кој беше твојот главен мотив?
Едукативниот центар SMX го избрав бидејќи од самиот старт имавме многу добра комуникација и ми се допаѓаше што нивните предавачи се млади и инспиративни персони.
4. Кој модул од Академијата би го издвоила како најкорисен за тебе?
За мене најкорисен беше модулот Анализа на податоци со програмскиот јазик Python. Неодамана читав корисна статија во која се укажуваше дека за сметководителите, Python е програмски јазик лесен за користење. Тоа е суштински метод за обработка на податоци и спроведување на статистичка анализа. Основна причина зошто сметководителите треба да научат анализа на податоци со Python е автоматизацијата што може да се направи со Python. На пример, користењето на Excel би барало рачно отворање на нова датотека секоја недела и додавање на формулите и другите потребни компоненти секој пат кога истата анализа треба да се спроведе на нов сет на податоци. Сметководителите треба да научат како да го користат програмирањето на Python за да го ослободат својот работен ден од монотони и повторувачки обврски, овозможувајќи им да го реинвестираат своето заштедено време во поважни задачи како што се донесување клучни одлуки.
5. Од досегашниот тек на академијата, што ти претставуваше најголем предизвик?
Домашните задачи ми беа интересен предизвик каде што требаше да го повторам матријалот и подобро да ја сфатам суштината на новиот предаден матријал. Но, сметам дека се од суштинско значење бидејќи ни помагаа да сфатиме со кој дел од материјалот имаме потешкотии и секако да побараме помош од нашите професори.
6. Што би истакнала како позитивно искуството од Академијата?
Оваа академија не учи дека информациите ни се потребни сега и веднаш. Токму затоа треба да ги користиме можностите кои ни ги нуди дигиталниот свет и да си го минимизираме трудот, а да го максимизираме резултатот.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/