Data Analysis проекти во реалниот свет: Примена на Python и SQL за решавање на Бизнис предизвици
- јуни 15, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Блог за дигитални вештини
Што претставува Data Analysis за една компанија?
Во денешниот свет управуван од податоци, бизнисите сè повеќе го препознаваат огромниот потенцијал на анализата на податоците за постигнување успех. Data Analysis им овозможува на организациите да донесуваат информирани одлуки, да ги идентификуваат можностите за раст, да ги оптимизираат процесите и да стекнат конкурентна предност.
Во овој блог пост, ќе ја истражиме преку реално сценарио трансформативната моќ на анализата на податоците, која како Data Analyst можеш да ја искористиш за да помогнеш во успехот на еден бизнис.
Реално сценарио: Подобрување на искуството и задржувањето на клиентите
По онлајн истражувањето што го спорведовме, дојдовме до еден интересен случај каде преку правилна анализа на податоци е овоможено подобрување на искуството и задржувањето на клиентите во водечката компанија за е-трговија, „TechGear“.
Компанијата TechGear во одреден момент се соочила со висока стапка на губиток на клиенти. Барајќи начини како да го намалат трошокот на клиентите, да го подобрат нивното корисничко искуство и да ја подобрат задршката, анализата на досегашните податоци била најдобриот почеток до проаноѓање трајно решение…
Првиот чекор кој TechGear го почнал било собирање и анализа на податоци за клиентите од различни допирни точки, вклучувајќи историја на купување, интеракции на веб-страници, дата база со услуги на клиентите и анализа на нивните реакции на социјалните медиуми. Тие имплементирале сеопфатен систем за управување со односите со клиентите (CRM) за да ги консолидираат и ефикасно да управуваат со овие податоци.
Преку деталната анализа на податоци, TechGear откриле неколку клучни проблеми:
- Клиентите кои повторно купувале во првите три месеци од нивното првично купување имале значително повисока стапка на задржување
- Специфични категории на производи кои помалку се трошеле и предизивкувале помало задоволство на клиентите поради проблеми со квалитетот
Решенија кои компанијата ги преземала по спореведувањето на деталната анализа на податоци:
- Иницијативи за подобрување на искуството и задржувањето на клиентите
- Персонализирани маркетинг кампањи
- Bundles или промоција на слични производи врз основа на историјата на купување на клиентите, преференциите и однесувањето на прелистувањето
- Проактивна услуга за клиенти, навремено решавање на проблемите со квалитетот и обезбедување беспрекорна поддршка по купувањето
Резултати од приментите активности
Со имплементирање на персонализиран маркетинг и проактивни стратегии за услуги на клиентите, оваа компанија го намалила одливот на клиенти за 15% во рок од шест месеци. Подобреното корисничко искуство а со тоа и задоволството на клиентите довело до зголемена лојалност на клиентите и повторени купувања. Како резултат на сето ова, TechGear постигнале зголемување на вкупните приходи и успех во компанијата.
Како заклучок од сето ова можеме да ја увидиме важноста на анализата на податоци и како таа може да доведе до значителни подобрувања во искуството и задржувањето на клиентите. Со собирање и анализирање на податоците од клиентите и донесување информирани одлуки, бизнисите можат да добијат вредни сознанија, да имплементираат насочени стратегии и да постигнат одлични резултати.
За оваа цел во SMX подготвивме Академија за Data Analysis со детална прогама за која можеш да дознаеш повеќе тука…