Pair Learning & Pair Programming – НОВ Продуктивен начин на учење
- февруари 6, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Академии
Замислете си дека возите до одредена дестинација, а до вас седи вашиот пријател кој ви помага да пристигнете до таа дестинација. Потоа се менувате со вашиот пријател и тој вози до наредната дестинација…
Токму ова значи Pair Learning, нов начин на учење со кој ќе стекнете вештини покрај некои специфични како програмирање и слично, и вештини како комуникација, менаџмент итн.
Оттука за време на Академијата за Full-Stack .Net development во SMX го ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ токму овој начин на учење: Pair Programming (Учење во пар и програмирање во пар).
Што значи програмирање во пар или Pair Programming?
Учењето во парови е заеднички пристап каде што двајца се здружуваат за да споделат и да стекнат знаење, во случајов веб-програмирање.
Како овој начин на учење ќе биде имплементиран во SMX?
Овој концепт ќе почне да се имплементира уште во текот на првите покомплексни проблеми и задачи, односно кога студентите ќе треба да посветат неколку дена за тие да бидат комплетирани. За да го забрзаме процесот на совладување на истите, задачите ќе бидат зададени на тим од двајца каде тие ќе мора да го користат концептот pair programming и заедно да соработуваат за побрзо да дојдат до решение. Пример проекти во делот од HTML/CSS, проект во делот React, како и за завршните проекти од програмата.
Покрај работа во пар или pair programming, студентите ќе имаат и самостални прокети на кои ќе работат индивидуално.
А сега накратко ќе разгледаме неколку предности на Pair Learning како НАЈДОБАР начин за учење?
- Брз развој на вештини
Кога двајца луѓе со различни искуства и перспективи соработуваат, тие можат да разменуваат сознанија, совети и трикови, помагајќи си еден на друг да растат побрзо.
- Различни перспективи
Учењето во парови носи различни гледишта, ве охрабрува да размислувате критички, да ги доведувате во прашање претпоставките и да размислите за алтернативни пристапи, кои можат да доведат до иновативни решенија.
- Одговорност
Работата со партнер ја поттикнува одговорноста. Знаејќи дека некој се потпира на вас за да придонесете и да научите, ве поттикнува да останете фокусирани и посветени.
Програмирање во пар ИЛИ Заедно создаден код (Pair Programming)
Зошто овој начин на учење наместо традиционалниот? На овој начин, двајца програмери работат заедно на една работна станица, при што едниот пишува („the driver“), а другиот прегледува и води („the navigator“).
Оттука, програмирањето во пар води до подобар квалитет на кодот, поттикнува дискусии и идеи, што резултира со поцврсти и подобри решенија. Програмирањето во пар е одличен начин за споделување на знаењето во еден тим, помладите програмери можат да учат од поискусните колеги.