Q&A – Курс за Copywriting со Љуба Атанасовска Велјаноски
- јануари 31, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
1. Кое е твоето работно искуство со Copywriting?
Мојата кариера како copywriter започна пред неколку години кога станав дел од BizzBee Solutions, македонска старап компанија за продажба, менаџмент – консултански услуги и маркетинг. Мојата прв позиција во оваа компанија беше copywriter (junior), каде што под менторство на тогашната менаџерка и преку работа на реални проекти и кампањи со клиенти, научив како се создава содржина која што продава (производи или услуги).
2. Зошто се одлучи да предаваш на курсот за Copywriting?
Copywriting е кариерна насока којашто е многу популарна, дава многу можности за напредок и е истовремено многу креативна и забавна. Сeкогаш велам дека copywriters се посебни луѓе, ние имаме посебен mindset којшто се разликува од оној на сите други.
Кога ја започнав својата кариера во copywriting знам колку ми беа потребни вакви курсеви за да можат да ми дадат насока и каде што ќе можам да научам и истовремено да бидам во контакт со луѓе од истата професија. Затоа сакам да го направам тоа за поединците на кои што сега им е потребно. Сметам дека не сите можат да си дозволат да посетуваат неколкумесечни академии (дали заради финансиски причини или заради обврски), па затоа краток курс со пристапна цена е сигурно на многумина идеална опција.
Сакам да го пренесам своето знаење и искуство и да им покажам на идните колеги дека оваа професија е навистина професија на иднината и колку можности за кариерен напредок и заработка нуди.
3. Накратко запознај не со тебе? Кое е твоето хоби?
Буба е контент и маркетинг менаџер во BizzBee Solutions, и е личност којашто навистина си ја сака работата и ужива во неа. Приватно сум мајка на речиси 2 годишен дечко (Петар) којшто е најубавото нешто во мојот живот, на кој му го посветувам целото слободно време. Секој миг надвор од работата го поминувам во игра и прошетки со него.
4. Што ќе се учи за време на курсот? Избери еден модул, и раскажи ни нешто повеќе за истиот.
Ќе го земам за пример модулот ‘Копирајтинг за социјални медиуми.’ На овој час ќе научиме кои социјални платформи се користат за продажба и на кои начини. Како треба да се усогласи содржината во зависност од платформата која што се применува. Какви видови на ‘постови’ функцинонираат во B2B а какви во B2C светот, како да ја одредат нивната целна публика и како потоа да ја усогласат содржината според публиката. Дали продаваат само платените реклами или пак постојат други начини како преку споделување на соодветна содржина можете да дојдете до соработка со клиент? Повеќе ќе дознаат на самиот курс, нема да биде интересно да откријам сега се.
5. Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
Наставата ќе се одвива онлајн кадешто учесниците ќе можат во живо да ја следат наставата која што ќе трае 90 мин. Преку презентации и практични примери ќе им објаснам како се пишува добро copy, која е структурата на содржината која што продава и секогаш преку вежби на самиот час и преку домашните задачи учесниците ќе имаат можност да видат дали го совладале она што сум го предала и каде дополнително ќе им треба моја помош.
6. Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Copy Writing во SMX?
- Затоа што за краток временески период можете стекнете вештини и знаење од областа на копирајтингот коишто ќе ви служат како основа на која што ќе можете да ја градите вашата натамошна кариера во оваа индустрија
- Затоа што преку вежби и примери ќе имате можност да се уверите колку добро сте ја разбрале материјата
- Затоа што ќе имате можност да учите од ментор којшто има долгогодишно искуство во областа и точно знае што продава а што не.
7. За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
Курсот на copywriting ги опфаќа основите на вештината ‘пишување содржина која што поттикнува продажба,’ и е наменет за почетници.