Курс за Email Marketing

Научете како да ја креирате вистинската емајл стратегија!

Почеток: 20-ти Ноември(среда)

Времетраење: 4 предавања

Цена: 3600 денари

Распоред: среда-петок (18.00-19.30)

Сертификат за успешно завршен курс

Ниво: Почетник

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!​​

Или веднаш резервирај го твоето место

Зошто курс за Email Marketing?

Денес емајл маркетингот е еден од клучните канали во секој маркетинг микс. Добрата емајл стратегија е еден од најдобрите начини за брзо градење на вашата публика – и поврзување со нив на подлабоко ниво. Тоа е одличен начин за споделување нова содржина, градење врски, добивање повратни информации и многу повеќе. 

Што да очекуваш од овој курс?

Дали сте љубопитни што да кажете? Како да се изразите? Колку често да притиснете „испрати“?

Без разлика дали прв пат ќе праќате емајл кампања или сакате да ја обновите вашата емајл стратегија, лекциите што ќе ги научите се универзални и креирани да ви ги покријат клучните прашања. Секое поединечно предавање ќе ве запознае со основните концепти, водечките трендови и најважните тактички ресурси, кој ќе ви бидат од корист во креирање на совршената емајл стратегија.

Што ќе научиш

Стратешко планирање на емаил маркетинг кампањи

Изработка и сегментирање на емаил листи

Платформи за испраќање емаил кампањи

Автоматизација и оптимизација на кампањи

Креирање на landing pages и форми за прибирање на лидови

A/B тестирање и следење на аналитика

Програма

Ден 1:

Емаил маркетинг – стратешки дигитален канал кој носи најголем поврат на инвестиција. Видови маилови, насоки за содржина, структура и правилно пишување и дизајнирање.

Ден 2:

Креирање на листи и таргет публики, дефинирање на таргет персона, сегментирање. Креирање е-маил кампањи, видови платформи што може да се користат за испраќање маилови, одлични free платформи, насоки за користење Chatgpt во изработка, сегментирање и анализа на емаил кампањите.

Ден 3:

Праќање на маилови, совети за подобро сегментирање и дефинирање на видови емаил кампањи според бизнисот и целта која треба да се оствари , автоматизации, следење аналитика, оптимизација на кампањите.

Ден 4:

Изработка на форми , користење на landing pages во прибирање и крерање на емаил листи. Правилно насочување на лидовите со испраќање на релевантни маилови (содржина и subject lines), A/B тестирање. Краток осврт на регулативата за испраќање маилови и спамирање.

Запознај го инструкторот

Бојана С.Левеска

Lead Gen Strategist- Email Marketing Specialist

Долгогодишното искуство во финансискиот сектор и продажба го надоградив во делот на дигитален маркетинг(користење на дигитални канали за да се дојде до вистинските клиенти),со специјализација во делот на емаил маркетинг. 

Работам во Frontlogix -outsourcing компанија каде со правилно комбинирање на дигиталните канали и вклучување на емаил маркетинг како главен дел од стратегијата помагам да се подобри видливоста на брендот, да се дојде до вистинската публика,со тоа мах на поврат на инвестиција,остварување на бизнис целите и зголемување на бројот на клиенти,следејќи ги праксите во индустријата,најновите трендови,платформи и сл.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 20-ти Ноември(среда);


Времетрање: 4 предавања по 90 минути;


Распоред: среда-петок (18.00-19.30);


Цена: 3600 денари;

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.