Што велат студентите за SMX – Ефимија Тошева Вегова студент на Content Marketing Bootcamp
- февруари 13, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Bootcamps Student Experience
1. Зошто Bootcamp за Content Marketing во SMX? Која е причината за отпочнување на овој тип едукација?
Како производител и сопственик на мал бизнис што учествува на базари имав шанса да запознаам многу луѓе со различни потреби. Се запрашав на кој начин можам да им помогнам да најдат повеќе одговори за нивните проблеми, а тоа е креирање на добро испланиран и оптимизиран информативен блог. Бидејќи сум темелна во тоа што го работам затоа одбрав да се запишам на овој Content Marketing Boot Camp и детално да ја изучам оваа гранка во маркетинг секторот.
2. Имајќи ги предвид различните теми опфатени во програмата, како што се уредување содржина, Buyer Journey, Content Gaps & Content Audit, која тема ти беше најинтересна за изучување?
Content Gaps & Content Audit бидејќи секоја анализа, проверка и тоа што ќе го мапираме како наш пропуст не прави многу подобри во тоа што го изработуваме.
3. Последниот месец од овој Bootcamp работевте на реални проекти за компанијата SmartClick. Опиши ни накратко за каков тип на реални проекти имавте прилика да работите за SEO Агенцијата SmartClick?
Задачите опфаќаат се што се учи на овој Boot Camp, како анализа на веб страни, креирање на Buyer Persona според тие веб страни, да одредиме кои клучни зборови да ги користиме зависно од тоа во кој дел од инката се наоѓа таа Buyer Persona, оптимизирање на текст, креирање на SEO структура и доста креативно и интересно беше креирање на календар за идни содржини.
4. Дали можеш да ни одвоиш еден проект во кој најмногу имаше можност да го примениш претходно стекнатото теоретско знаење?
Креирањето на календар за идни објавувањa на содржини за разни интернет канали.
5. Кој момент од овој 4-месечен Bootcamp би го издвоила како момент за паметење?
Најмногу последните два часа бидејќи имаше опфатност и за новите платформи како ChatGPT, Bard и други AI алатки.
6. Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од буткампот во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Content Writers на пазарот?
Ќе ги вметнам во мојот моментален мал бизнис што започна како мое лично хоби и прерасна во професионалност, а надоградно напорно ќе бидам во потрага по дополнителна работа во оваа област бидејќи е со непрестан напредок и се надоградуваш непречно со нови знаења.
7. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Content Marketing Bootcamp во SMX?
Ќе ја пофалам екпертизата и инструкторите се секогаш полни со знаење и информации, а за сите вие што сте заинтересирани за Content Marketing BootCamp во SMX тоа ќе биде вашиот прав избор за понатамошен успех во оваа област.