Запознај ги менторките на 3-месечниот Bootcamp за Графички дизајн со Photoshop & Illustrator
- март 19, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Bootcamp за Графички дизајн со Photoshop & Illustrator
Магистер си по архитектура и инженерство. Запознај не накратко со себе?
По професија сум архитект – дизајнер. Идејата за да се насочам себе си на факултетот за архитектура ми беше големата пасија кон дизајнирањето. Освен факултетското образование, завршив и дополнителни едукации каде поконкретно се пренасочив кон процесот на дизајнирање и изучување на нови работи.
Денес, имам четири гоидшно работно искуства во областа каде конкретно работам на проекти за дизајн.
За време на овој буткамп го предаваш делот со Adobe Photoshop, накратко раскажи ни повеќе за програмата?
За време на овој буткамп студентите ќе имаат можност да се запознаат подобро со тоа како фотошоп служи при уредување на постови за социјални мрежи. Целта е да започнеме со запознавање на основите на овој програм и постепено да се дојде до точка на реализирање на самите дизајни.
Фотошоп важи за еден од покомплексните програми од фамилијата на Адобе, па така, студентите ќе започнат со креирање на фајл, исцртување на елементи, типографија, фотоманипулација и уредување на фотографии. Ќе се запознаат и со бојата во дизајнот и каква улога игра таа при креирање на дизајни. Овде, ќе имаат можност да осознаат кои бои се најкористени за социјални мрежи и како таа влијае при креирање и препознавање на бренд.
Во текот на предавањата ќе имаат можност да се запознаат и со тоа како еден дизајнер размислува, истражува и реализира проект. Со ова, ќе добијат и информации за најкористени сајтови при дизајнирање и секако ќе добијат насоки од каде да ќе може да црпат инспирација.
На какви задачи студентите ќе работат за време на предавањата (2 Photoshop работилници)?
Освен делот за дизајнирање и изучивање на фотошоп, студентите ќе имаат можност и преку работилници да се развијат и да научат повеќе. Тука со моја помош подетално секој студент ќе помине низ процесот на разработка и креирање на дизајн / пост за социјални мрежи.
Во текот на овие работилници ќе имаат можност да работат на реален проект а тоа е дизајн на социјални мрежи за ресторанот Концепт. Ќе осознаат што е она што е потребно за да се направи успешен проект, кои прашања се важни да се одоговрат за тој дизајн да биде креативен и кои се барањата на самиот клиент. Со ова, озможени се две работилници. На првата ќе се сконцентираат со тоа што самите ќе работат со алатките и ќе искреираат постови додека на втората пак, ќе навлезат подетално во процесот на фотографија. Овде ќе се разработува фотоманипулација која денес привлекува големо внимание на социјалните мрежи.
Реални проекти
Социјалните мрежи, како еден од главните начини за комуникација со потрошувачите, стануваат централен дел во работењето на секојдневнието на графичките дизајнери. Многумина почетоците на кариерата им е токму во изработка на графички дизајн за социјалните мрежи, но исто така голем дел остануваат во оваа област и продолжуваат да се усовршуваат.
Токму затоа, нашата програма на буткампот за графички дизајн е креирана околу дизајнирање за социјалните мрежи, со еден месец практичен дел во кој ќе изработуваме дизајни за партнер компанијата Concept.
Дознај повеќе тука: https://smx.mk/realni-proekti-bootcamp-za-graficki-dizajn/
Накратко запознај не со себе, која е Марија?
Визуелен дизајнер со повеќегодишно искуство во графички дизајн, движечки графики и анимација, и видео монтажа. Преферирам делата да зборуваат за мене одколку јас самата, сепак едно портфолио, илјада зборови 🙂
Зошто кариера во графички дизајн?
Бидејќи е одличен избор за секој што сака да ја искаже својата креативност преку визуелни елементи и детали, да пренесе порака во визуелна форма разбирлива за секого. Исто, графичкиот дизајн има широка примена во повеќе индустрии и е една од најбараните професии.
За време на овој буткамп го предаваш делот со Adobe Illustrator, накратко раскажи ни повеќе за програмата?
Adobe Illustrator e водечка векторска програма за дигитално цртање на логоа, елементи за web страни, илустрации, дизајнирање на материјали за печатење итн, и е неопходна програма за секој кој што работи со графички дизајн. Програмата ги содржи сите потребни алатки за реализирање и редактирање на креативни идеи.
На какви задачи студентите ќе работат за време на предавањата (2 Illustrator работилници)?
Бидејќи акцентот на програмата е графички дизајн за социјални медиуми, фокусот е креирање на дизајни за постови и стори, кои го привлекуваат и задржуваат вниманието. Студентите ќе работат на материјали според веќе постоечки branding & guidelines, но и како да осмислат и креираат свој бренд и визуелен идентитет.