Student Experience – Ана Атанасовска (Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI)
- мај 16, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Data Analysis
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Здраво, јас сум Ана и моментално сум вработена во Кемет Електроникс какo Quote and Price analyst. Со претходното искуство од Банка и сега во глобална компанија за електронски делови работењето со големи дати на податоци беше клучно за да се запишам на обуката и да научам повеќе за SQL и Phyton, а имав и одредено претходно знаење за Power Bi.
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во Data Analysis?
Како што спомнав претходно, во моментов работам во глобална фирма за електронски делови за голем број индустрии во светот. Тоа беше дополнителен предизвик за мене за да напредувам во знаењето за анализа на податоци и да си го олеснам секојдневното работење.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав преку социјални мрежи, а токму за нив се одлучив поради бројните позитивни искуства од студентите и менторот Теодора, како и деталната програма за почетници во оваа област.
Од обработените модули, SQL, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Дефинитивно SQL i Power Bi ( Power Bi го користам и во секојдневното работење).
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Дефинитивно изучувањето на програмскиот јазик Python беше најголемиот предизвик за мене, зошто претходно немав никакво познавање од него. Со обуката, трудот и дополнителната посветеност од моја страна за да го научам ги надминав сите предизвици.
Како би го опишала твоето искуство на Академијата?
За мене ова беше едно интересно искуство, исполнето со предизвици. Најмногу при учењето ми помогнаа “real life” примерите кои постојано се споделуваа, а исто така и домашните задачи каде што може да ги пронајдам недостатоците во моето знаење.
Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Во секојдневните работни активности веќе почнав да ги применувам вештините и знаењето што го стекнав на Академијата.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Академијата топло ја препорачувам на секој почетник во оваа област. Не се потребни никакви предзнаења, а инструкторите се секогаш достапни и секогаш спремни да помогнат. На крајот од академијата ќе се стекнете како со практични така и со теоретски знаења од оваа област.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе информации за Академијата, посети ја нашата официјална страна тукa: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/