Какви проекти ќе работиме на Scrum Bootcamp
- јуни 4, 2024
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: SCRUM
“Успехот во Scrum доаѓа кога луѓето забораваат на себе и се фокусираат на успешната имплементација на целта на тимот.” – Jeff Sutherland
Оваа изјава од Jeff Sutherland, еден од создавачите на Scrum методологијата, се основа на клучниот принцип на колаборативна работа и тимска динамика која е во сржта на Scrum.
Како што потенциравме во нашиот претходен блог пост, Водич за почетници во Scrum, оваа метологија е креирана за полесно менаџирање со проекти и овозможува тимовите брзо и ефективно да се адаптираат на промени, кои во денешниот свет на брзи информации и новости, се неизбежни во целиот процес.
Во Scrum, успехот не се мери само преку личните достигнувања, туку преку достигнувањата на тимот како целина. Секој член на тимот работи кон заедничка цел, што подразбира дека сите напори се насочени кон успешната реализација на проектните цели. Оваа заедничка фокусираност помага во минимизирањето на недоразбирањата и конфиктите и овозможува максимизирање на продуктивноста.
Ова бара агилност и флексибилност од тимот, како и постојана комуникација и адаптација на плановите според реалниот напредок и предизвици кои се појавуваат.
Токму затоа, во текот на летниот Scrum Bootcamp во SMX, ние ќе посветиме доста време и внимание на техники за процена и приоритизација, кои ќе ти помогнат да научиш како подобро да го организираш product backlog, каде се излистени сите задачи од проектот.
Освен материјалот што ќе го поминеме на предавањата, во буткампот имаме 2 недели посветени на тестирање и работа на проект.
2 недели работа на SCRUM проекти
- Најпрво би сакале да овозможиме сите учесници на буткампот да го проценат своето знаење преку прашања и задачи кои ќе бидат изработени од инструкторот и тимот на SMX. Овие прашања ќе го содржат целиот материјал што ќе го учиме и ќе имаш можност да добиеш увид каде е потребно повеќе фокус и внимание за подобро да се разбере суштината на Scrum.
- Предност е во тоа што секое предавање се снима, освен тоа и нашиот инструктор Горан е достапен за консултации и прашања, па на овој начин ќе можеш да ги надминеш сите пропусти во знаењето на материјалот.
- По комплетирање на тестирањето, започнува проектот за проценка и распоредување. Секој учесник ќе добие Product Backlog, односно листа на задачи. Откако секој учесник ќе го добие својот Product Backlog, процесот продолжува со детално проучување и приоритизација на задачите. Учесниците треба да ја анализираат секоја задача во однос на нејзината важност, итност и сложеност. Оваа анализа е клучна за ефикасното планирање на спринтовите, кои се циклични периоди на работа во кои тимот стреми да заврши одреден обем на работа.
- По поставување на спринтот, секој учесник ќе има демонстрација на сработеното и ќе добие фидбек од инструкторот каде може да се подобри и на какви проблеми може да наиде во реални ситуации.
Преку овие процеси, учесниците на Scrum bootcamp ќе добијат детален увид во динамиката и предизвиците при водењето на агилни проекти. Тие ќе научат како успешно да се справат со промени, да ги балансираат приоритетите и да работат кон заедничка цел со максимална агилност и адаптабилност.
Сакаш да ја научиш Scrum методологијата и да станеш Scrum Master? Поднеси апликација за летниот буткамп и нашиот тим ќе ги обезбеди сите потребни информации како оваа програма може да ти помогне во идните кариерни предизвици.