Student Experience – Ангела Стефковска – студент на HR Bootcamp
- јуни 25, 2024
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: HR Bootcamp Student Experience
По успешно комплетираниот термин за HR Bootcamp, разговаравме со учесничката Ангела Стефковска која ни сподели за нејзиното искуство од истиот, за модулот што и бил најкорисен, а исто и за што и остави најголем впечаток од буткампот.
Уписите за следниот термин од септември се во тек, пријави се и искористи ја Super Early Bird понудата до 28-ми јули.
- Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во човечки ресурси?
Имам 27 години и моментално работам како административен асистент во Адвокатско друштво. Како Дипломиран Менаџер по Бизнис Администрација стекнав познавање во областа на човечките ресури за кое имав огромна желба да го надоградам.
2. Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во човечки ресурси?
Областа на управување со човечките ресурси е многу актуелна тема во последниве години поради фактот што самите тие се двигател на сите останати ресурси на организацијата.
3. Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
После детално истражување на едукативни центри, се одлучив за SMX,
за кој дознав од instagram ads, ми се допадна тоа што беа добро и детално објаснети темите кои се изучуваа и календарот на часовите.
4. Од обработените модули, Стратешки HR, Правен HR и Ефективна комуникација во HR, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Сите модули беа доста корисни и многу научив од секој од нив но како вработен во адвокатско друштво морам да го издвојам Правниот HR, бидејќи сметам дека треба да се знаат и штитат правата и обврските во работните односи и од страна на вработените и од страна на компаниите.
5. Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Искрено не се соочив со некој предизвик, за се што ми беше нејасно во однос на материјалот предавачите беа отворени и по неколку пати да ми објаснат додека не сфатам.
6. Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за човечки ресурси?
Од Буткампот имам прексрасно искуство, се запознав со брилијантни луѓе и слушнав одлични искуства. Најмногу ми се допадна подршката која ја добивме од предавачите кои несебично го споделуваа своето знаење со многу внимание, разбирање и трпение.
7. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Човечки ресурси во SMX?
Да останат љубопитни и да продолжат да растат бидејќи не можеме да очекуваме промени кај себе доколку не излеземе од комфорт зоната и не почнеме да истражуваме непознати работи. Овој Буткамп е вистинско место за тоа.