Student Experience – Ивона Митковска – Студент на HR Bootcamp
- јули 26, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: HR Bootcamp Student Experience
Од студентски клупи, на буткамп за човечки ресурси – Ивона Митковска е уште еден доказ за младите ентузијасти во Македонија, кои имаат постојана желба да го унапредуваат своето знаење. Сепак колку повеќе знаење имаме, толку сме побогати. Денес Ивона ни раскажа за своето 3-месечно искуство во SMX Academy…
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во човечки ресурси?
Јас сум Ивона Митковска, имам 23 години и доаѓам од Скопје. Студент сум на Правниот факултет Јустинијан Први, со завршени додипломски студии по однси со јавност, и моментално сум запишана на Магистерските студии по Медиуми и односи со јавност. Немам претходно знаење во човеки ресурси, но имам искуство во комуникациите што мислам дека би било корисно за мене. Многу сум заинтересирана за оваа насока, мотивирана како и спремна за учење и развивање на вештини во оваа област.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик Буткампот и како го надмина истиот?
Да се биде дел од Буткампот е навистина одлично искуство. Се изучуваат најдобрите практики и специфични вештини како регрутирање, задржување на таленти, управување со перформанси, лидерство и организациски развој. Се учи како да се решаваат проблемите и како да се донесуваат стратешките одлуки во една компанија.
Ангажираноста и посветеноста на инструкторите кон оваа област, како и нивниот комуникациски пристап и спремноста да ни го пренесат нивното знаење беше извонреден предизвик за мене.
Од обработените модули, Стратешки HR, Правен HR и Ефективна комуникација во HR, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Најинтересен модул за мене беше Ефективната комуникација во HR. Ефективната комуникација е срцето на успешно управување со човечки ресурси. Правилната комуникација може да ни помогне во создавањето на позитивна работна средина, да се развијат лични вештини, емпатија како и да се решаваат секојдневните конфликти што се случуваат на работните места. Разбирањето и примената на ефективната комуникација може да биде и фактор за во иднина за професионален напредок.
Раскажи ни накратко за твојот завршен проект? На што работеше и каков заклучок можеш да извлечеш од ова искуство?
Мoјот завршен проект беше за Headhunting, поточно како ние како како HR менаџери во компанија за возен парк ќе го надгледуваме работењето, администрацијата и решавањето на конфликти во таа компанија. Како заклучок можам да извлечам дека воопшто не е лесно да се најдат врвни таленти што би можеле да ја извршуваат работата професионално, да се соочат со секакви ризици како и кризни ситуации.
Како би го опишала твоето целокупно искуство на Буткампот за човечки ресурси?
Во период од 3 месеци успеав да стекнам знаење што е корисно за мене и за моето работно место. Бутпампот значително ја зголеми мојата самодоверба и ме опреми со практични алатки за ефикасно справување со предизвици во човечките ресурси. Ги пременувам и вештините на комуникација во мојот секојдневен живот и имам желба да напредувам во мојата карира.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Човечки ресурси во SMX?
Драги студенти, во оваа интензивна и динамична програма ќе имате уникатна можност да ја откриете суштината на управувањето со човечки ресурси , и да се стекнете со практични вештини кои ќе ви помогнат во вашата иднина. Длабоко ќе навлезете во клучните аспекти на HR, и се надевам дека ќе уживате во вашето време во Буткампот и дека ќе се здобиете со значително искуство. Со нетрпение очекувам да видам како ќе го искористите ова знаење за да направите позитивни промени во светот на човечките ресурси.
Уписите за следниот термин од септември се во тек, пријави се и искористи ја Super Early Bird понудата до 28-ми јули.