Student Experience – Сафка Видичек (HR Bootcamp)
- јуни 4, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: HR Bootcamp Student Experience

Сафка не е почетник во човечките ресурси, таа веќе има богато искуство и изострено чувство за работа со луѓе.
Но понекогаш, искуството станува уште повредно кога се надградува со нова структура, свежи знаења и поинакви перспективи.
Со желба да се усоврши и да го прошири своето професионално поле, Сафка се приклучи на SMX HR Bootcamp-от, кој ѝ понуди флексибилност, содржина и пристап што совршено одговара на нејзиниот животен и работен ритам.
Токму затоа го избра SMX, каде преку јасно дефинирани модули и практични задачи, успеа не само да ги прошири своите вештини, туку и да се увери дека се движи во вистинскиот правец.
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во човечки ресурси?
Здраво, најпрво да се претставам – се викам Сафка Видичек и сум дипломиран новинар. Имам 43 години, мајка сум на две прекрасни деца и обожавам да работам со луѓе. Имам 18-годишно искуство како службеник во оддел за правни и кадровски работи во приватна фирма.
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во човечки ресурси?
Затоа што се пронаоѓам во оваа област и сакам предизвици. Сакам да наоѓам решенија кои ќе бидат од корист и за вработените и за самите компании.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав пребарувајќи на интернет, бидејќи сакав да посетувам вебинар за човечки ресурси, а условите кои ги нудеше SMX ми се допаднаа, најмногу поради тоа што часовите се одвиваа после моето работно време.
Од обработените модули, Стратешки HR, Правен HR и Ефективна комуникација во HR, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Сите модули беа добри. Секој си има свој предизвик и начин на обработка.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Предизвик беше кога првпат бевме поделени во работни групи и ни беше дадена задача за која, во рок од неколку минути, требаше да дадеме решение како HR за настанатиот проблем во една фирма.
Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за човечки ресурси?
Прекрасно искуство, опуштена атмосфера, две многу добри менторки и интересни студенти кои беа дел од Bootcamp-от.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Човечки ресурси во SMX?
Доколку се пронаоѓате во HR и сакате да го збогатите своето знаење, на прав пат сте со SMX како едукативен центар.
Најголемата вредност на програмата не е само во материјалот што се обработува, туку во начинот на кој се пренесува – со фокус на практична примена, интеракција и реални сценарија што веднаш можеш да ги препознаеш и примениш.
Токму затоа многумина го доживуваат овој Bootcamp како точка на пресврт во нивната кариера.
📅 Започнуваме во септември!
🎓 Официјално акредитиран со CPD сертификат – признат низ цела Европа.
📌 Ограничен број места + попуст за рана пријава.