Светлана Георгиевска
Раководител на сметководство и финансии

Светлана има над 15 години искуство во водење сметководствени и финансиски процеси во групација од повеќе компании со различни дејности. Во својата работа покрива сè – од финансиско известување, анализа на трошоци и буџетирање, до ревизии и усогласување со домашни и меѓународни регулативи.
Последниве години, Светлана го вклучува AI во секојдневната практика користејќи алатки како ChatGPT за автоматизација на процеси, изработка на извештаи, анализа на податоци и полесна комуникација со клиенти и институции.
Како инструктор, има една цел: да им покаже на сметководителите како практично да ги применат AI алатките за да заштедат време, да работат поефикасно и да понудат уште поголема вредност на своите клиенти.