Инструктор со глобално sales искуство: Академијата за Sales & Communication во пракса
- октомври 10, 2025
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Академија за Sales & Communication

Во последниве години sales и communication вештините стануваат сè поважни, не само за продавачи туку и за оние што работат со клиенти, тимови или партнери.
Се бараат луѓе што знаат како да комуницираат јасно, да градат доверба и да претстават вредност.
Академијата за Sales & Communication е создадена како одговор на таа потреба. Практична програма што комбинира предавања, вежби и менторска поддршка.
Ова не е само теоретска програма. Тука се работи практично. Преку реални сценарија, role play, тренинг со ментори и структуриран пристап, ќе развиеш начин на комуникација што одговара на твојот стил, а сепак носи резултати.
Еден од менторите е Игор Чучков, меѓународен sales тренер и автор на best seller книгата “GET’EM AT HELLO”, водич за продажба преку call центри.
Со искуство во 20+ земји и над 2000 обучени професионалци, Игор носи знаење што се применува веднаш и токму тоа ќе го видиш во кратките видеа подолу.
🎥 Во кратките видеа подолу тој одговара на 3 важни прашања што ги засегаат сите што размислуваат за оваа насока:
1. Кои се најчестите грешки што ги прават луѓето кога се обидуваат да продадат нешто?
🎥 Погледни го одговорот во видеото
2. Која е најголемата разлика меѓу продажбата во Македонија и продажбата во САД/Европа?
🎥 Погледни го одговорот во видеото
3. Што ќе научат учесниците на Академијата за Sales & Communication?
🎥 Погледни го одговорот во видеото
🌱 Тука почнува твојата sales трансформација
Ако ти е важно како звучиш, како влијаеш и како ја пренесуваш вредноста на тоа што го нудиш, оваа академија не е само уште една обука. Таа е дизајнирана токму за тебе.
Продажбата и комуникацијата денес не се резервирани само за продавачи. Тие се клучни за секој што се среќава со луѓе, претставува производ или услуга, гради односи, нуди идеи или води преговори. Без разлика дали работиш со клиенти, со тимови или со партнери, твојот начин на комуникација е тоа што прави разлика.
Академијата за Sales & Communication нуди практичен пристап. Ќе работиш низ реални сценарија, role play, менторски тренинзи и структуриран фидбек за да го изградиш својот стил и својот пристап. Не се учат правила на памет, туку се развиваат вештини што можеш веднаш да ги примениш.
Целта не е да научиш како зборуваат другите, туку да најдеш свој глас што убедува.
📚 Времетраење: 3 месеци настава + 1 месец работа на реален проект
🕓 Распоред: Вторник и четврток (18:30 – 20:30)
💶 Early Bird до 21.10: 900 ЕУР (плаќање на рати)