Student Experience – Христо Михајлов – учесник на Interior Design Bootcamp
- јуни 4, 2026
- Објавено од: Анета Костадинова
- Категорија: Student Experience
Со претходен интерес и искуство во ентериерен дизајн и 3D визуелизација, Христо Михајлов се запишал на Interior Design Bootcamp програмата со цел да ги надгради своите вештини и да научи попрофесионален пристап во работата со 3ds Max и Corona Renderer. Преку практична работа, реални задачи и менторска поддршка, тој стекнал нови знаења кои му помогнале да креира пореалистични визуелизации и да пристапува посигурно кон проектите на кои работи.
Го прашавме Христо што му оставило најголем впечаток од програмата и како стекнатите вештини му помагаат денес во работата:
1. Каква беше вашата почетна точка и што ви остави најголем впечаток од програмата?
Пред да се запишам на програмата, веќе имав интерес и основно искуство со ентериер дизајн и 3D визуелизации, но сакав да го надградам моето знаење и да научам попрофесионален пристап во работата со 3ds Max и Corona Renderer.
Најголем впечаток ми остави практичниот дел од bootcamp-от. Особено корисна беше работата со материјали, светло и камери, како и процесот на креирање реалистични рендери. Токму преку практичните задачи најдобро се учат техниките кои подоцна можат да се применат на реални проекти.
2. Што ве поттикна да се запишете на програмата и кој беше главниот предизвик?
Главната причина поради која се запишав беше желбата да научам нов програм како 3ds Max и рендерирање со Corona, како и да стекнам повеќе практични вештини кои можат директно да се користат во работа со клиенти и реални проекти.
Најголем предизвик ми беше вниманието кон деталите и постигнувањето поголем реализам во визуелизациите. Но токму тој предизвик најмногу ми помогна да напредувам и да ги подобрам своите резултати.
3. Дали Bootcamp-от доведе до конкретни резултати кај вас?
Да, bootcamp-от ми помогна директно во работата што ја работам. Особено ми помогна во подобро поставување на светло и материјали, како и во креирање пореалистични ентериерни визуелизации.
Освен техничките вештини, стекнав и поголема сигурност во процесот на работа и подобро разбирање на елементите што прават една визуелизација да изгледа професионално и убедливо.
4. Што би им кажале на луѓето кои размислуваат да се запишат на оваа обука?
На секој што размислува да се запише би му препорачал максимално да го искористи bootcamp-от, бидејќи нуди практично знаење и реални вештини кои навистина можат да помогнат за професионален развој.
Доколку некој има интерес за ентериер дизајн и визуелизација, ова е одличен почеток за влез во индустријата, но и одлична можност за надградба на постоечките знаења и вештини.
Преку Interior Design Bootcamp програмата, Христо успеа да ги надгради своите постоечки знаења и да стекне нови практични вештини кои директно ги применува во својата работа. Работата со 3ds Max и Corona Renderer, заедно со фокусот на реални проекти и детали, му помогнаа да создава поквалитетни визуелизации и да пристапува со поголема самодоверба кон секој нов дизајнерски предизвик.