Student Experience – Марија Мирческа – учесничка на HR Bootcamp
- септември 22, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Bootcamp за Човечки ресурси HR Bootcamp Student Experience

Професионалниот развој во областа на човечките ресурси бара комбинација од теоретско знаење, практични вештини и разбирање на секојдневните ситуации со кои се соочуваат HR професионалците.
Со желба да стекне нови знаења и практични вештини, но и во иднина да ја насочи својата кариера кон HR, Марија Мирческа се запиша на HR Bootcamp во SMX Academy.
Преку практични вежби и примери од реалната работна средина, таа стекна знаења од областа на регрутацијата и селекцијата, интервјуирањето, комуникацијата со вработените и решавањето конфликти.
Во продолжение прочитајте го нејзиното искуство.
1. Какво беше вашето искуство со HR Bootcamp и што ви остави најголем впечаток?
Моето искуство со HR Bootcamp беше многу позитивно.
Најмногу ми се допадна тоа што покрај теоретското знаење имавме можност да работиме на практични примери и ситуации кои можат да се сретнат во реалната работна средина.
Најголем впечаток ми остави начинот на кој преку обуката подобро ја разбрав улогата на HR и колку се важни комуникацијата, разбирањето на луѓето и правилниот пристап во различни ситуации.
2. Што ве мотивираше да се пријавите и дали обуката ги исполни вашите очекувања?
Ме мотивираше желбата да стекнам нови знаења и практични вештини во областа на човечките ресурси, бидејќи сакам понатаму да се развивам во оваа професија.
Искрено можам да кажам дека HR обуката целосно ги исполни моите очекувања.
3. Кои знаења и вештини ги сметате за најкорисни?
Најкорисни ми беа знаењата поврзани со регрутација и селекција, интервјуирање, комуникација со вработените и решавање конфликти.
Преку практичните вежби и реалните ситуации имав можност подобро да разберам како овие процеси функционираат во практиката и каква е улогата на HR професионалецот во една организација.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се пријават?
Би им препорачала да се пријават, особено на оние кои сакаат да се развиваат во областа на човечките ресурси или сакаат да направат промена во својата кариера.
Обуката нуди корисно знаење, практични примери и можност да се стекне подобра слика за тоа што навистина значи да се работи во HR.
Искуството на Марија покажува колку практичните примери и реалните ситуации можат да помогнат во подоброто разбирање на различните одговорности во човечките ресурси.
За неа, HR Bootcamp беше можност да стекне знаења за регрутација, селекција, интервјуирање, комуникација со вработените и решавање конфликти, но и посигурно да размислува за понатамошен професионален развој во оваа област.
Програмата е наменета за оние кои сакаат да започнат кариера во HR, да направат промена во професионалната насока или да ги надградат своите постојни знаења и вештини.
Сакате подобро да разберете што навистина значи да се работи во HR?
Погледнете ја програмата и дознајте повеќе за модулите, начинот на следење и процесот на пријавување.
📖 Повеќе информации за програмата и пријава: https://hr.smx.mk/