Student Experience – Лина Милошевска Пунтевски – учесничка на HR Bootcamp
- септември 22, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Bootcamp за Човечки ресурси HR Bootcamp Student Experience

Преминот кон кариера во човечки ресурси бара повеќе од теоретско познавање на HR процесите. Практичната работа со реални ситуации помага подобро да се разберат предизвиците со кои се соочуваат HR професионалците и начинот на кој се носат одлуки во оваа улога.
Со желба професионално да се насочи кон HR, Лина Милошевска Пунтевски се запиша на HR Bootcamp во SMX Academy.
Преку практични примери и реални ситуации, таа имала можност да размислува од улога на HR професионалец, да анализира различни предизвици и да предлага конкретни решенија.
Во продолжение прочитајте го нејзиното искуство.
1. Какво беше вашето искуство со HR Bootcamp и што ви остави најголем впечаток?
Моето искуство со HR Bootcamp беше многу позитивно и практично.
Најмногу ми остави впечаток тоа што програмата не се фокусираше само на теорија, туку и на реални ситуации и предизвици со кои еден HR професионалец се соочува во секојдневната работа.
Особено ми значеше можноста самите да размислуваме, да анализираме различни ситуации и да носиме одлуки од улога на HR професионалец.
2. Што ве мотивираше да се пријавите и дали обуката ги исполни вашите очекувања?
На програмата се запишав со желба да се насочам кон HR, да го надградам своето знаење и да направам чекор напред во професионалниот развој.
Сакав да добијам посигурна основа, но и практично знаење што ќе можам да го применам во реални ситуации.
Обуката целосно ги исполни моите очекувања, а во многу сегменти и ги надмина.
3. Кои знаења и вештини ги сметате за најкорисни?
Најкорисни ми беа практичниот пристап кон HR процесите, начинот на комуникација со вработените и менаџментот и решавањето конфликтни ситуации.
Особено значајни ми беа знаењата поврзани со регрутацијата и onboarding процесите, како и разбирањето на HR метриките и нивната важност за донесување подобри одлуки.
Многу ми значи тоа што наученото можам да го поврзам со реални ситуации и да го применам во практиката.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се пријават?
Би им препорачала да не се двоумат.
Доколку сакаат да започнат кариера во HR, да го надградат своето знаење или подобро да разберат како функционира современиот HR во една организација, ова е одлична можност.
За мене, најголемата вредност на програмата е комбинацијата од знаење, практични примери и можноста да се развива начинот на размислување како HR професионалец.
Искуството на Лина покажува колку практичната работа со реални ситуации може да помогне при насочувањето кон кариера во човечки ресурси.
Преку програмата таа стекнала знаења за комуникација со вработените и менаџментот, регрутација, onboarding, HR метрики и решавање конфликтни ситуации. Истовремено, добила можност самостојно да размислува и да носи одлуки од перспектива на HR професионалец.
HR Bootcamp е наменет за оние кои сакаат да започнат кариера во човечки ресурси, но и за професионалци кои сакаат да ги надградат и систематизираат своите постојни знаења.
Размислувате и вие да ја насочите својата кариера кон HR?
Погледнете ја програмата и дознајте повеќе за модулите, практичната работа и начинот на пријавување.
📖 Повеќе информации за програмата и пријава: https://hr.smx.mk/