Student Experience – Гери Шивачев – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- септември 24, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Професионалниот развој не секогаш значи промена на професијата. За Гери Шивачев, Product & Project Management Bootcamp беше можност да го надгради повеќегодишното искуство со поструктуриран пристап кон управување со проекти.
Во продолжение прочитајте го неговото искуство.
1. Каква беше Вашата почетна точка и што Ви остави најголем впечаток од програмата?
Кога се запишав, веќе имав повеќегодишно искуство во планирање на производство, логистика и координација со различни тимови. Сакав практичното знаење да го надградам со поструктуриран пристап кон Product & Project Management.
Најголем впечаток ми остави практичниот пристап и тоа што наученото можев директно да го поврзам со ситуации од мојата работа.
2. Што Ве поттикна да се запишете?
Мотивацијата ми беше понатамошен професионален раст. Кога секојдневно работите со планирање, рокови, приоритети и различни тимови, важно е да ја разбирате и пошироката слика зад процесите.
Особено корисно ми беше што практичното искуство го поврзав со конкретни методологии и принципи од управување со проекти.
3. Дали bootcamp-от доведе до конкретни резултати кај вас?
Да, пред сè во начинот на кој пристапувам кон планирање, координација и решавање проблеми. Дел од работите што претходно ги применував врз основа на искуство, преку програмата добија појасна структура и поширока перспектива.
Ми помогна и подобро да размислувам за приоритетите, ризиците и влијанието што една одлука може да го има врз останатите процеси.
4. Што би им кажале на оние кои размислуваат да се запишат?
Оваа обука не е само за оние кои започнуваат од нула. Корисна е и за професионалци кои веќе имаат искуство, координираат процеси и работат со различни тимови, но сакаат да продолжат да се надградуваат.
Би ја препорачал и на оние кои се подготвуваат за следниот чекор во кариерата – улога со поголема одговорност, поширок опсег на координација и менаџерска одговорност.
Дополнително, по завршувањето на програмата учесниците се стекнуваат со европски CPD сертификат, меѓународно препознатлив како потврда за професионален развој.
👉 Дознајте повеќе за Product & Project Management Bootcamp:
project.smx.mk