Самоизолација: 3 идеи како да го исполните времето периодов
- март 20, 2020
- Објавено од: admin
- Категорија: Freelancing , WordPress , Блог за дигитални вештини ,
Во летото 1830 година, прославениот француски писател Виктор Иго се наоѓал пред невозможен рок. Само 12 месеци претходно тој му имал ветено на својот издавач дека ќе напише нова книга.
Сепак, наместо да пишува тој своето време го поминувал работејќи на други проекти, забавувајќи гости секоја ноќ во својот отмен дом и одложувајќи го пишувањето. Неговиот издавач веќе при крај со своето трпение му задал последен рок од 6 месеци. Книгата морала да биде завршена во февруари 1831 година.
Иго скроил многу необичен план за да стави крај на своето одложување. Тој ги собрал сите свои алишта и побарал од неговиот асистент да ги затвори и сокрие во голем ковчег. Не му останало ништо друго што да носи освен еден голем шал.
Со тоа што немал воопшто што да носи кога ќе излезе од домот, тој останал дома и пишувал 6 месеци без да излегува. На крај, едно од неговите попознати дела “Богородичната црква во Париз”била издадена две недели пред крајниот рок.
Во моментот кога Виктор Иго ги сокрил своите алишта за да се фокусира на своето наредно успешно дело, тој свесно одлучувал да се посвети комплетно на “болната” сегашност со цел да има подобра иднина.
COVID-19, исто така познат како Корона Вирус, во моментов има драстични ефекти насекаде во светот – затоа многу луѓе утехата ја бараат во пронаоѓање на позитивни врски помеѓу самоизолација и успешни приказни постигнати токму во “карантин”.
Додека Виктор Иго бил во своевидна социјална дистанца и доброволен карантин, Вилијам Шекспир во текот на својот целокупен живот има преживеано неколку пандемии во карантин создавајќи едни од најпознатите дела во минатото и денешницата.
Додека чекал театрите да отворат затоа што често затварале кога имало на повидок нова опасна болест која му се заканувала на човештвото, тој своето време го користил продуктивно пишувајќи нови дела на кои што луѓето ќе се радуваат во моментот кога театрите повторно ќе отворат.
Сега ако и вие успеете, откако не доброволно ви беа одземени 80% од дистракциите да замислите барем една работа која сакате да ја имате, направите или знаете во иднина, тогаш буквално сега е моментот кога би немале никаков изговор и би успеале да се држите до добрите навики и да создадете ритуал што ќе ве однесе до целта.
Секој момент кој е поминат во средина на извршување на одредена обврска е вообичаено многу полесен отколку момент поминат одложувајќи ја работата или каејќи се работи кои сте можеле да ги направите, а залудно сте го изгубиле времето.
МАЛИ СЕКОЈДНЕВНИ ДОСТИГНУВАЊА НОСАТ ОГРОМНА ПРОМЕНА НА КРАЈ
Ако секојдневно носите избори кои се барем 1% подобри од изборите кои сте ги донеле вчера, тие избори на крај се собираат и ќе ви донесат огромен напредок.
Искористете го моментот за позитивна промена во вашиот живот.
Ние ви нудиме неколку предлози како продуктивно да го искористете вишокот време кое можеби го имате за прв пат во животот:
- Почнете да учите нов јазик
Започнете да учите нов јазик на една од најпознатите платформи за странски јазици https://www.duolingo.com/.
Учењето нов јазик ќе ве направи поуспешни во вашиот избор на кариера, ќе ја подобрите вашата меморија и вашите вокабуларни способности.
Плус, апликацијата е толку забавна што нема ни да приметите како поминало времето. Курсевите се направени на тој начин што учењето ќе ви изгледа како игра и едвај ќе чекате да го достигнете наредното ниво.
- Запишете се на онлајн курс и научете нова вештина
Онлајн курсевите се секогаш добар избор. Ние во SourceMX Academy ви спремивме два нови курсеви комплетно прилагодени да можете да го совладате материјалот од удобноста на вашите домови.
Научете како да направите Веб Страна со нашиот Онлајн WordPress Курс или како да започнете кариера како фриленсер со нашиот Започни кариера како фриленсер.
- Читајте книги
Сигурно имате голем број на книги кои веќе долго време ви стојат на полиците, а ги имате занемарено или комплетно заборавено. Сега е време да се вратите на нив и комплетно да се изгубите во светот кој ви го нудат.
Книготека.мк ви нуди огромен избор на Е-книги, а овој месец има специјална понуда за една бесплатна кнга по ваш избор.
Наши предлози за читање овој месец се три прекрасни автобиографии кои без сомнеж ќе ве инспираат да направите нови цели во 2020 година.
- Shoe Dog: A Memoir by the Creator of Nike – Phil Knight
- I Know Why the Caged Bird Sings – Maya Angelou
- Dreams From My Father – Barack Obama